Бујук џамија

(Пренасочено од Бујок џамија)

Бујук џамија (турски: Büyük Camii во превод Голема џамија) е поранешен муслимански храм кој се наоѓа во Софија, Бугарија.

Бујук џамија
Буюк джамия
Büyük Camii
Основни податоци
МестоСофија, Бугарија
Припадностислам
Осветен1494
Духовно-организациски статуснеактивна[1]
Архитектонски опис
Архитектонски типџамија музеј
Завршен1451-1494
Особености
Минариња1

Првото име според писмени извори на џамијата било Коџа Махмуд-паша џамија или џамијата на Големиот Махмуд-паша. Изградбата на храмот започнала во 1451 и завршила 20 години по смртта на Коџа Махмуд-паша во 1494 година.

Околу џамијата имало и други објекти: ан, медреса, водосклад и фонтана. Маалото околу џамијата го носело нејзиното име.

За време на Руско-турската војна (1877-1878) џамијата била претворена во болница. Подоцна била библиотека, музеј и печатница, а од 1892 година во неа е сместен Националниот археолошки институт со музеј.

Наводи

уреди
  1. Во објектот денеска се наоѓа Националниот археолошки институт со музеј

Надворешни врски

уреди

Слики од џамијата