Болвин пазар

(Пренасочено од Бувјак)

Болвин пазар, болвак или бит-пазар[1][2] – вид на пазар каде се продава евтина или половна стока. Болвините пазари можат да бидат во затворени простори, како што се складишта или училишни спортски сали, а можат да бидат и на отворен простор, на ледина, или да бидат под шатор.[3] Продавачите на болвините пазари можат да бидат семејства кои изнајмуваат тезга за да ги продадат работите од својот дом од кои немаат повеќе потреба, до комерцијални погони кои вклучуваат голем избор на користена стока. Тука се и патувачките трговци кои кружат низ некоја област и купуваат стока од гаражните продажби или други болвини пазари. На многу болвини пазари има и продавачи на храна и пијалаци.[4] Некои се познати по продажба на пиратска музика и пиратски филмови[5] или фалсификувана облека, накит или парфеми од познати брендови.[6]

Болвин пазар во Германија
Болвин пазар во САД

Историја

уреди

Потеклото на името не е точно утврдено.[7] Првобитниот болвин пазар можеби бил „Marché des puces“ во Сент Уан во северното предградие на Париз. Неговото име на француски буквално значи „пазар на болви“ – шеговит назив кој потекнува од верувањето дека стоката купена од болвините пазари е полна болви.[8]

Турскиот назив за болвен пазар е бит-пазар од каде доаѓа името на скопскиот Бит-пазар.

Наводи

уреди
  1. „бит-пазар“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „бит-пазар“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  3. Berman, Barry (2000). „F Glossary“. Retail Management: A Strategic Approach. Prentice-Hall, Inc. Укажано повеќе од еден |author= и |last= (help)
  4. „How to Become a Flea Market Vendor“. StyleCareer.com. Afton Institute, LLC. 2008. Архивирано од изворникот на 2008-11-07.
  5. Mitchell, Bob (2008). „Police bust nets $800K in pirated DVDs“. TheStar.com. Toronto Star.
  6. Jonsson, Patrik. „Flood of knockoff merchandise triggers a wider crackdown across US“. The Christian Science Monitor.
  7. Stokes, Jerry (2008). „Origin of the term flea market“. Helium.com. Helium, Inc. Архивирано од изворникот на 2008-12-08.
  8. Oliver, Margie and Richard (2006). „Origin Of The Term "Flea Market". Antique Clock Guy. The Clock Guy Antique Brokerage.

Надворешни врски

уреди