Цветна формула
Цветна формула е израз во кој деловите на цветот се означени со голема почетна буква со нивното латинско име:
- K (kalix) - чашка
- C (corolla) - венче
- P (perigon) - перигон
- A (androeceum) - андрецеум
- G (gynoeceum) - гинецеум
Други знаци кои се користат се:
- 0 - недостаток на одделни делови
- ~ - голем број на делови
- * - актиноморфен цвет
- % - зигоморфен цвет
Пример, цветната формула на шипинка е: * K5 C5 A~ G~ - цветот е актиноморфен, чашката е составена од 5 чашкини ливчиња, венчето е составено од 5 венечни ливчиња, андрецеумот се состои од голем број на прашници, гинецеумот се состои од голем број на плодни ливчиња.