Брегињ

село во Словенија

Брегињ (словенечки: Breginj, дијалектно: Brgin;[1] италијански: Bergogna,[2] фурлански: Bergogne[1]) — село во Општина Кобарид на Горичкиот регион, Словенија. Лежи близу границата со Италија и претставува најзападно населено место во земјата. Во 2020 г. селото имало 179 жители.[3]

Брегињ
Breginj
Поглед на Брегињ
Брегињ is located in Slovenia
Брегињ
Брегињ
Местоположба во Словенија.
Координати: 46°15′47.9″N 13°25′26.3″E / 46.263306° СГШ; 13.423972° ИГД / 46.263306; 13.423972
Држава Словенија
Традиционален регионПриморска
Статистички регионГорички
ОпштинаКобарид
Површина
 • Вкупна19,08 км2 (7,37 ми2)
Надм. вис.&10000000000000576100000576,1 м
Население (2020)
 • Вкупно179
 • Густина9,4/км2 (24/ми2)
Час. појасUTC+1
Пошт. бр.5223
Куќа и чешма во Брегињ, 1951 г.

Брегињ е првпат посведочен во пишаните извори од 1170 г. како Вергија или Вергин (Vergia, Vergin), а потоа во 1275 г. како Бергоња (Bergona). Се смета дека денешното словенечко име Брегињ се заснова на месниот топоним Бргин, кој пак е романското име Бергона, кое пак е од непознато потекло.[1]

Историја

уреди

Сè до XVIII век Брегињ бил во состав на Венецијанската Република, и до денес се смета за дел од историската област Венетска Словенија. Бил општина во Грофовијата Горица (како Бергоња), а за време на италијанското владеење (1918–1943, формално до 1947) бил во состав на Италија. Првичнјо бил во покраината Удине (Видем), но во 1927 г. е префрлен во новосоздадената покраина Горица (Гориција).[4]

Земјотрес од 1976 г.

уреди

Селото било разурнато во Фурланскиот земјотрес од 1976 г. во кој останала само црквата „Св. Никола“ и две други градби. Мештаните добиле монтажни куќи.[5] Негрижата на органите за запазување на култрното наследство била позната за новинарите, но цензурирана од власта.[6] Преживеаните трикатни камени куќи поврзани со ходници се прогласени за споменик на градителската и народната култура, и во нив има мал музеј.[7]

Познати личности

уреди
  • Јожеф Школч (р. 1960) — либерален политичар

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 Snoj, Marko (2009). Etimološki slovar slovenskih zemljepisnih imen. Ljubljana: Modrijan. стр. 77–78.
  2. „Flitsch (1912) - K.u.K. Militärgeographisches Institut - 1:75 000 - ZONE 20 - KOL IX“. Архивирано од изворникот на 4 март 2016. Посетено на 6 јули 2020.
  3. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име население.
  4. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 19 јули 2011. Посетено на 9 јуни 2010. Breginj during Italian rule
  5. The Effects of the 1976 Earthquake on the Soča Basin
  6. Pipan, Primož. 2011. "Sodelovanje javnosti v obnovi po naravnih nesreah na primeru potresov v Furlani ji in Zgornjem Posočju v letih 1976, 1998 in 2004." In: Matija Zorn, Blaž Komac, Rok Ciglič, & Miha Pavšek (eds.), Neodgovorna odgovornost, pp. 21–29. Ljubljana: ZRC SAZU, p. 27.
  7. Slovenian Tourist Board site

Надворешни врски

уреди