Бојница
Бојница (бугарски: Бойница) — село во Северозападна Бугарија, административен центар на општината Бојница во Видинската Област. Има население од околу 394 жители (2022).[1]
Бојница Бойница | |
---|---|
село | |
Местоположба на Бојница во Бугарија | |
Координати: 43°57′25.12″N 22°31′56.68″E / 43.9569778° СГШ; 22.5324111° ИГД | |
Земја | Бугарија |
Област | Видин |
Општина | Бојница |
Управа | |
• Градоначалник | Анета Генчева (независен) |
Површина | |
• Вкупна | 63,084 км2 (24,357 ми2) |
Надм. вис. | 241 м |
Население (2022) | |
• Вкупно | 394 |
• Густина | 6,2/км2 (16/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
поштенски код | 3840 |
Повик. бр. | +359 09333 |
Мреж. место | obshtina-boinica.com |
Географија
уредиСелото се наоѓа на 35 километри западно од регионалниот центар Видин и 250 километри северозападно од главниот град Софија, во непосредна близина на српската граница.
Историја
уредиКон крајот на 18 и почетокот на 19 век во селото се населиле доселеници од Тетевенско и до ден денес дијалектот во едно од неговите маала е под силно влијание на централнобалканскиот говор, спротивно на околниот преоден и северозападен говор.[2] Црквата „Света Троица“ во селото, која датира од 1871 година, е живописана од дебарски мајстори.
На почетокот на Балканската војна, две лица од Бојница доброволно се пријавиле во Македонско-одринското ополчение.[3]
За време на колективизацијата, во селото било формирано Трудово кооперативно земјоделско стопанство „Георги Димитров“, која била именувана во чест на комунистичкиот диктатор Георги Димитров. Во летото на 1950 година, 151 лица направиле неуспешни обиди да го напуштат. Тодор Филипов, водачот на најпознатата горјанска група во Кулско, бил родум од Бојница. За време на масовниот егзодус на политички несигурни лица од Видинско на 3 август истата година, покуќнината на иселените од селото била однесена во клубот на Бугарската комунистичка партија, по што била ограбена. Во тоа време и по Кулските настани во наредната година, 44 семејства (163 лица) од селото биле насилно иселени од страна на комунистичкиот режим. Овде се случи најмасовното бегство од комунистичка Бугарија, кое ги шокираше локалните претставници на режимот - за една ноќ 122 лица, цели семејства со својот добиток, коли и имот, преминале во Југославија.[4]
Наводи
уреди- ↑ Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
- ↑ Заяков, Нинко (1995). „Исторически причини за формиране на влашкото население във Видинско“. Българска етнология (5): 28–51. Архивирано од изворникот на 2018-07-21. Посетено на 2023-07-10.
- ↑ Македоно-одринското опълчение 1912 - 1913 г.: Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“. София, Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9, 2006. ISBN 954-9800-52-0. с. 830.
- ↑ Груев, Михаил (2009). Преорани слогове. Колективизация и социална промяна в Българския северозапад 40-те – 50-те години на XX век. София: Сиела. стр. 123, 142, 169, 205, 225–226, 230. ISBN 978-954-28-0450-5.