Бојко Рановски ( 1923 во Бродец (Скопско)1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Есента 1944 година стапил во редовите на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, со која учествувал во борбите против балистичките банди и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Од големите напори се разболел, а кон крајот на 1944 година починал.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 239. На |first= му недостасува |last= (help)