Бошко Чакалов
Бошко Петров Чакалов ( 1925 во Бањане, Скопско — 14 ноември 1944 во Сарај (село), Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Бошко Чакалов | ||
Роден | 1925 година Бањани, Скопје, Македонија под окупација на Кралство СХС | |
---|---|---|
Починал | 14 ноември, 1944 година Сарај, Скопје, Македонија |
Животопис
уредиПотекнувал од сиромашно семејство. Завршил основно образование, а потоа изучил занает. Работел како автомеханичар во Скопје. Рано станал симпатизер на народноослободителното движење ѝ активно го помагал. На 7 септември 1944 година стапил во редовите на Дванаесеттата македонска ударна бригада. Учествувал во сите борби на бригадата вклучувајќи ја и борбата за ослободување на главниот град на Македонија, Скопје. На 14 ноември 1944 година по ослободувањето на Скопје, заминал кон Ѓорче Петров, каде во непосредна близина биле концентрирани бројни балистички банди, со цел да извршат напад на Скопје. Во оваа борба против албанските балисти, храбро загинал кај селото Сарај. Неговите останки биле закопани на скопските гробишта.[1]