Бостонско крвопролевање

Бостонско крвопролевањекрвопролевање што се случило кога пет граѓани биле застрелани и убиени од осум британски војници на 5 март 1770 г.[1] Тоа било во Бостон, Масачусетс, кој во тоа време бил британска колонија. Настанот се случил ноќе кога пред Царинарницата се собрала голема толпа. Еден британски војник по име Хју Вајт удрил момче што го навредувало неговиот командант. Момчето побегнало и се вратило со голема толпа гневни луѓе. Повеќе британски војници дошле да помогнат во заштитата на Хју Вајт од народот. Толпата фрлала снежни топки со школки внатре и ги удирала со дрвени палки. Како што толпата станувала сѐ поголема и поголема, сцената станувала сѐ похаотична. Некој од толпата извикал: „Пукајте“. Во збрката, некои од војниците испукале во толпата. Криспус Атакс, Афроамериканец, бил еден од првите убиени луѓе.

Бостонско крвопролевање
Дел од Американската револуција
Гравура на крвопролевањето од Пол Ревир
МестоБостон, Масачусетс
Датум5 март 1770 г.
Вид нападпукање
Мртви5
Повредени7
СторителиБританска армија

Судењето по крвопролевањето се одржало во граѓански суд со порота составена од месни граѓани. Џон Адамс бил адвокатот на војниците. Судот одлучил дека шест војници се невини, а двајца виновни за убиствата. Офицерот Томас Престон, исто така, подоцна бил прогласен за невин, откако поротата не можела да утврди дека им наредил на војниците да пукаат врз граѓаните. Убедувањата на поротата претполагаат дека војниците биле испровоцирани и дека нивната употреба на сила не била сосема неоснована.[2]

Наводи

уреди
  1. „Boston Massacre“. Boston Massacre Historical Society. Посетено на March 3, 2010.
  2. "Boston Massacre", Encyclopaedia Britannica. Retrieved April 28, 2020

Надворешни врски

уреди