Боровско богатство
Боровско богатство (бугарски: Боровско съкровище) — тракиско богатство од IV век пр. н. е., откриено случајно во 1974 година.[1] Древното богатство денес се чува во Националниот историски музеј во Софија.
Се состои од 5 сребрени садови со позлата — 3 ритони, бокал со ритон и тас. На садовите се пронајдени натписи поврзани со тракискиот одриски цар Котис I (383 — 359 пр. н. е.). Богатството припаѓа на т.н. „Одриски царски дарови“, подарок од Котис I на анонимен гетски владетел. Некои од садовите се изработени како единечен сет — некои од нив (ритонот со протома на сфинга, големиот тас и самиот бокал со ритон) се прикажани на фигуралната композиција на бокалот.[2] Предметите се украсени со слики на животни и митолошки сцени и се од исклучителна вредност за проучување на тракиското верување и ритуал.[2]
Боровското богатство е случајно откриено од Трајчо Стоев во 1974 година во земјиштето на Борово, Русенско, во месноста „Сиври Тепе“.[3] При орање, тракторите ги извадиле древните предмети на површина, оштетувајќи ги, но реставраторите подоцна ги обновиле.[3]
Наводи
уреди- ↑ Регионален исторически музей – Русе. „Боровско съкровище“. museumruse.com (бугарски). Посетено на 11 март 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Пенкова, Елка. „Боровско съкровище“. europeana.eu (бугарски). Посетено на 11 март 2022.
- ↑ 3,0 3,1 „Тракийската изложба в Лувъра“. bnt.bg (бугарски). Посетено на 9 март 2022.
Библиографија
уреди„Боровско богатство“ на Ризницата ? |
- Венедиков, Иван. Медното гумно на прабългарите. София, „Наука и изкуство“, 1983 г.
- Маразов, Иван. Митология на траките. София, ИК Сектор, 1994 г.
- Маразов, Иван. Художествени модели на древността. София, Монографии МИФ 2. Департамент „История на културата“, НБУ, 2003 г.
- Маразов, Иван. Боговете на Самотраки. София, изд. Стандарт, 2010 г.