Борачот (англиски: The Wrestler) е американски филм од 2008 година, во режија на Дарен Аронофски (Darren Aronofsky), а по сценарио на Роберт Сигел (Robert D. Siegel). Главните улоги ги толкуваат: Мики Рурк (Mickey Rourke), Мариса Томеи (Marisa Tomei) и Еван Рејчел Вуд (Evan Rachel Wood). Филмот, кој трае 109 минути, во 2009 година освил две награди „Златен глобус“ (Мики Рурк за најдобар глумец и Брус Спрингстин за најдобра оригинална песна за филм) и една награда на БАФТА (Мики Рурк за најдобар глумец), а вкупно освоил 55 награди и имал 49 номинации за разни награди, вклучувајќи и две номинации за наградата „Оскар“ (Мики Рурк за најдобра главна машка улога и Мариса Томеи за најдобра споредна женска улога) и „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал во 2008 година (за Дарен Аронофски).[1]

Содржина

уреди

Филмот е приказна за професионалниот борач Ренди Робинсон (го игра Рурк), познат како „Овен“ (Ram). Неговите денови на славата се одамна поминати, а по завршувањето на една борба, Ренди претрпува инфаркт по кој едвај останува жив. Сепак, со тоа, неговата кариера е дефинитивно прекината и тој размислува како да го продолжи животот надвор од арената. Затоа, Ренди се обидува да се зближи со Касиди (ја игра Томеи), која работи како танчерка во локалниот стриптиз-бар. Исто така, тој повторно воспоставува контакт со својата ќерка Стефани (ја игра Вуд), која ја напуштил кога таа била мало девојче. Најпосле, Ренди се вработува во локалната продавница.

Иако се труди да продолжи да живее како обичен човек, Ренди има големи проблеми. Така, откако успева да се зближи со ќерка му, Ренди заборава да се појави на договорената средба со неа и таа не сака повеќе да се гледа со него. Од друга страна, тој ѝ ја нуди својата љубов на Пам, но таа се колеба. Најпосле, откако еден човек го препознава во продавницата, Ренди дава отказ од работата, а потоа, закажува борба со својот стар противник „Ајатолахот“. Во последен миг, Касиди пристигнува во салата каде што е закажана борбата, но не успева да го премисли во намерата да се бори. Во текот на борбата, Ренди повторно има големи проблеми со срцето, но упева да остане на нозе.[2]

Наводи

уреди
  1. IMDB, The Wrestelr (2008) (пристапено на 26.10.2014)
  2. Антена, број 851, 18.10.2014, стр. 27.