Бонапарт пред сфингата
Бонапарт пред сфингата (француски: Bonaparte devant le Sphinx) — слика на францускиот уметник Жан-Леон Жером од 1886 година. Позната е и како Едип (Œdipe). Го прикажува Наполеон Бонапарт за време на неговиот Египетски поход, качен на коњ застанат е пред Големата сфинга во Гиза, а неговата војска е во заднина.
Творец | Жан-Леон Жером |
---|---|
Година | 1886 |
Димензии | 61,6 см × 101,9 см |
Место | Замок Херст, Сан Симеон (Калифорнија) |
Сликата била претставена во Парискиот салон во 1886 година под наслов Œdipe, евоцирајќи го митот за Едип и сфингата.[1] Сликата го популаризирала Наполеон пред сфингата како тема во уметноста и карикатурата.[2] Се наоѓа во замокот Херст во Калифорнија.[3]
Едип и сфингата
уредиВо насловот на своето дело Едип, Жером се повикал и на древниот мит и на неговото прикажување од претходните уметници.
Во митот, сите патници на патот кон Теба морале да ја решат загатката поставена од сфингата, или да умрат.
Кога чудовиштето го прашало: „Што е тоа што има глас и оди на четири нозе наутро, на две напладне и на три навечер? Едип одговорил дека човекот е тој што како дете лази на сите четири, како возрасен оди на две нозе, а во староста користи стап како трета нога…Темата на работата на [Енгр] е победата на остроумноста и на човечката убавина. Но, сцената е, исто така, сцена на луѓе кои се соочуваат со својата судбина, бидејќи подвигот на Едип ќе доведе до тоа да стане крал на Теба и да се ожени со неговата мајка Јокаста, како што пророкот предвидел кога тој се родил. Тоа било тема што ретко се прикажувала од крајот на класичниот период до Енгр, но во деветнаесеттиот век фасцинирала многу уметници, особено Гистав Моро (1826-1898).[4]
Прием
уредиРазгледувајќи го Парискиот салон од 1886 година, Њујорк Тајмс напишал дека Бонапарт пред сфингата бил еден од најдобрите примери на Жером за неговите историски проучувања.
Младиот Корзиканец, качен на својот коњ, медитирачки гледа во огромното загадочно лице од камен, тој чуден споменик на титански амбиции, на заборавени суверени, на исчезната раса... Мајсторот ги задржал сите поединости што го одвлекуваат вниманието. Дури и тие што ги спомнав повеќе се чувствуваат отколку што се гледаат, дури ни пирамидите не се прикажани – само безоблачното небо, мазниот песок, од чии наноси се издигнува џиновскиот лик и осамениот човек што општи сам со себе.[5]
Сликата ја купил американски милијардер, кој и самиот е легенда:
Едип …имагинативно го поставува Наполеон во тивок дијалог со сфингата, младиот човек на судбината соочен со загадочниот поглед на споменикот стар илјадници години. Интригантно е тоа што оваа слика и нејзиниот пандан, Бонапарт во Каиро, требало да ги купи Вилијам Рандолф Херст во 1898 година.[6]
Жеромовите слики на Наполеон во Египет
уредиВо 1860-тите, Жером насликал слики кои го прикажуваат Наполеон за време на Египетскиот поход од 1798-99 година. Тој се вратил на оваа тема во 1880-тите и со скулптурата Наполеон влегува во Каиро, изложена во Парискиот салон во 1897 година.
Жером бил уникатно поставен да ја наслика оваа посебна фаза од кариерата на Наполеон. Тој веќе бил познат по неговите египетски жанровски теми и предели, добиени од долгогодишното патување во подрачјето од средината на 1850-тите па натаму.
Наполеон како субјект во сликите на Жером го поттикнува поимот судбина во секоја од сликите, Наполеон е прикажан длабоко потонат во мисли, впечатлива спротивност со вообичаените воени слики кои прикажуваат определени случки од походи или херојство во жарот на битката. Во Наполеон во Египет (1863), младиот генерал е прикажан сам, длабоко во контемплација, оддалечен од неговиот коњушар кој што го чека.[6]
Наполеон и неговиот генералштаб во Египет (околу 1867) ги прикажува крајните услови со кои се соочиле Наполеон и неговата војска за време на нивната краток и несреќен египетски поход. Пријателот на Жером, Фредерик Масон, кој патувал со него во Египет и кој станал почитуван биограф на Наполеон, ја опишал оваа слика, бележејќи:
жешкиот здив на ветрот... топлината и запалениот песок што ги заслепува офицерите на неговиот персонал... златната магла подигната од Камсин... страшната мака која ги обзема најдобро обучените луѓе ги спасува оние кои го принудиле телото да биде послушен роб на умот. …[Наполеон] се двоуми меѓу двете половини на светот што ги држи во рацете. Тој размислува за судбината на Александар, на Цезар... несвесен за страдање, неговиот сон го опфаќа универзумот![6]
Бонапарт во Каиро, опишан како пандан на Бонапарт пред сфингата, можеби бил насликан во исто време. Сликите се со иста големина и заедно му биле продадени на Херст. Гледани една покрај друга, тие нудат студија на спротивности, Бонапарт гледа нагоре во мистериозната сфинга и надолу кон освоениот град Каиро.
-
Пандан сликите на Наполеон во Египет во замокот Херст:Бонапарта пред сфингата и Бонапарт во Каиро.
Скулптурата од 1897 година на младиот Бонапарт кој влегува во Каиро во 1798 година била првата во низата историски коњички ликови створени од Жером во доцните 1890-ти, вклучувајќи ги Вашингтон, Фридрих Велики, Цезар и Тамерлан.[7] За статуата на Наполеон, современиот салонски критичар, вајарот Рене де Сен Марсо, напишал дека никогаш претходно Жером „толку брилијантно не ги покажал, како вајар, своите вообичаени квалитети на вешт, префинет вкус“. Изворната верзија ја купила француската држава за Луксембуршкиот музеј и, невообичаено за купено уникатно дело, потоа била репродуцирана во три големини од Сио-Дековил. Леарницата извршила некои од овие репродукции во ладно сликана полихромија.[8]
Галерија
уреди-
Наполеон во Египет, ок. 1863 година,Музеј на уметност на Универзитетот Принстон
-
Наполеон и неговиот Генералштаб во Египет (маслена скица), 1863 година,музеј Ермитаж
-
Наполеон и неговиот Генералштаб во Египет, ок. 1867 година, приватна збирка
-
Наполеон влегува во Каиро, бронза, по 1897 година
Наводи
уреди- ↑ Huguenaud, Karine (December 2010). „Oedipe“ (French). Fondation Napoléon. Посетено на 2016-06-15.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Willis Goth Regier (2004). Book of the Sphinx. U of Nebraska Press. стр. 62–66. ISBN 0-8032-3956-4.
- ↑ „Bonaparte Before the Sphinx“. State of California. Посетено на 2016-06-15.
- ↑ „Oedipus Explaining the Enigma of the Sphinx“. www.louvre.fr. Архивирано од изворникот на 2023-12-01. Посетено на 2024-08-08.
- ↑ „Pictures for the Salon“. The New York Times. 1886-04-24. Посетено на 2016-06-15.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 „Napoleon and His General Staff in Egypt“. www.clayton-payne.com.
- ↑ „A Patinated and Gilt Bronze Figure of Napoleon Entering Cairo“. www.christies.com.
- ↑ „Napoleon Entering Cairo“. www.sothebys.com.
Надворешни врски
уреди- „Бонапарт пред сфингата“. California Department of Parks and Recreation.