Боливарска алијанса на народите на нашата Америка
Боливарската алтернатива за Америките (шпански: Alternativa Bolivariana para las Américas, ALBA) е проект за политичка, социјална и економска соработка помеѓу латино-американските земји. Неа ја предложија Венецуела и Куба како алтернатива на Зоната на слободна трговија на Америките (FTAA на англиски или ALCA на шпански), предложена од страна на САД. Терминот „боливарска“ се однесува на Симон Боливар, борецот за независност на латино-американските земји од шпанската колонијална власт.
Првиот договор во рамките на овој проект е потпишан во Хавана на 14 декември 2004 година од страна на венецуеласкиот претседател Уго Чавес и кубанскиот претседател Фидел Кастро. На почетокот, договорот имаше за цел размена на медициски ресурси и нафта помеѓу двете земји. Венецуела испорачува околу 96.000 барели нафта дневно за Куба по поволни цени, а Куба испрати околу 20.000 лива медицински персонал и неколку илјади учители да работат во сиромашните средини во Венецуела.
По победата на Ево Моралес на изборите во Боливија, на 29 април 2006 година и Боливија се приклучи кон проектот.
И сандинистичкиот водач Даниел Ортега, кој победи на изборите во Никарагва во ноември 2006 година, го поддржува приклучувањето на Никарагва во АЛБА.