Сеченица

(Пренасочено од Боденик)

Сеченица[1], кокмишка, сукано-киснато или боденик— вид сучено тесто, традиционално за македонската кујна. Традиционално сеченицата се од брашно, вода, масло и урда или сирење[2], но има и посна варијанта при која наместо урда се става зелје.[3]

Сеченица, кокмишка, сукано-киснато, боденик
Подготвена сеченица
Дел од оброкотглавен оброк
Место на потеклоМакедонија
Температура на послужувањетопло и ладно
Главни состојкибрашно, вода, сол
Варијантимрсна и посна

Рецепт

уреди
 
Послужена сеченица

Се кисни еден свеж квасец, потоа се меси тесто од приближно 700 грама брашно и 300 мл вода со додавање 1 лажиче шеќер, 2 лажички сол и 2 јајца. Се остава тестото да одмори околу половина час и потоа од него се прават 6 топчиња. Тепсијата во која ќе се печи сеченицата се мачка со масло. Секое топче се расукува во големина на тепсијата, се става една кора, се попрскува со стопен маргарин и сало (потребна вкупна количина од 80 грама маргарин и 80 грама сало) и се дроби од сирењето (вкупна количина 300 грама), потоа се повторува постапката за сите останати кори. Одозгора сеченицата се премачкува со 1 јајце, се сече на парчиња и се остава да кисне додека не ја наполни тепсијата. Се пече во загреана рерна на 200 степени Целзиусови. [2]

Наводи

уреди
  1. „сеченица“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. 2,0 2,1 Кокмишка на семрежното место на Мои рецепти
  3. Посна баница - сеченица на семрежното место на Канал 5

Поврзано

уреди