Зелник
Зелник — традиционално македонско јадење, коешто се состои од тенки слоеви на кори, полнети со сирење, јајца, праз, киселец или мелено месо. Во текот на зимскиот период, зелникот може да биде исполнет со зелка или спанаќ. Зелникот обично се послужува топол и со јогурт.
Зелник | |
Дел од оброкот | главно јадење |
---|---|
Место на потекло | Македонија |
Регион | Балкан |
Главни состојки | кори, сирење, јајца, праз, спанаќ, зелка, киселец, мелено месо |
Варијанти | повеќе |
Освен во македонската, зелникот се среќава и во кујните на другите балкански земји.
Потекло на поимот
уредиПоимот „зелник“ потекнува од зборот „зелје“ и се однесува на главните состојки од кои истиот се приготвува.
Слични јадења
уредиЗелникот е сличен на јадењето „зелен бурек“ (турски: yeşil börek), коешто е распространето во Турција и Средна Азија. За разлика од зелникот, зелениот бурек се приготвува за празници и феситвали, а се послужува со кефир. Кората и слоевите на зелениот бурек се потенки и полнети со други состојки.
Галерија
уреди-
Плех со зелник
-
Парче зелник со спанаќ
-
Зелник со праз
-
Зелник со праз и полнети пиперки
-
Зелник со сирење и месо послужен со јогурт
-
Пита со праз