Боге Велјановски

македонски партизан, учесник во Првата и Втората светска војна
(Пренасочено од Боге Вељановски)

Боге Велјановски (Маврово, 1876 - Ново Село (Гостиварско), Гостиварско, 27 април 1943) — македонски партизан, учесник во Првата и Втората светска војна.[1]

Боге Велјановски
Роден 1876 година
Маврово, Призренски Вилает, Османлиска Империја
Починал 27 април 1943(1943-04-27) (возр. 66–67)
Ново Село, Кралство Албанија
Загинал во борба со балистите
Народност Македонец

Животопис

уреди

Се описменил во своето родно село. За време на Првата светска војна, најпрвин бил мобилизиран во бугарската војска, а потoa преминал во сојузничките војски, односно стапил во српската војска и се борел на Солунскиот фронт.[1]

Како и многу други мавровчани и тој заминал на печалба во Цариград. По враќањето од печалба до крајот на својот живот останал во своето родно село Маврово. Од парите кои ги заштедил на печалба, купил коњи и кола и долго време се занимавал со кираџилак. Освен тоа, за да обезбеди егзистенција, тој повремено се занимавал и со други работи, едно време работел како полјак, кмет и др. Бил ценет и почитуван другар и пријател. Како што раскажале некои мавровчани го бивало за многу работи и секогаш бил прв да помогне на своите соселани во незгода, изградба на објекти, друштво за лов и слично.[1]

По карактер бил мноrу цврст, доследен и правичен. Затоа често пати бил во прилика да ја брани правдата во селото. Соседите и другите селани од него често барале совет или помош. Не било ретко Боге со својата кола да однесе некој болен на лекар во Маврови Анови или во Гостивар, на некои сиромашни мавровчани да им пренесе жито или нешто друго од Гостивар до Маврово. Во селото учествувал во решавањето на многу прашања. Мавровчани го почитувале и знаеле да го ценат неговото мислење. Тие неколку пати го избирале за кмет во селото.[1]

Втора светска војна

уреди
 
Споменик на загинатите борци од партизанскиот одред Кораб, меѓу кои се наоѓа и името на Боге Велјановски

Во првите денови по окупацијата на Македонија во Втората светска војна, кога партиската организација во Маврово настојувала сите селани, а посебно оние прогресивните и авторитетните да ги придобие за народноослободителното движење, тој меѓу првите го прифатил повикот на Партијата за соработка и за кусо време станал еден од најактивните возрасни симпатизери. Кога се формирал Првиот народноослободителен комитет, Боге станал негов член. Тој активно помагал за собирање на оружје, храна и други материјали.[1]

 
Спомен биста на Боге Велјановски
 
Спомен плоча на загинатите мавровски партизани и цивилни лица, меѓу кои е и Боге Велјановски.

Се до неговото заминување во партизани пролетта 1943 година тој бил активен учесник во сите акции што ги организирала партиската организација во селото. По налог на Партијата во текот на 1941 и 1942 година, Боге бил избран за кмет во селото.[1]

Повикот на партиската организација да оди во партизани, го прифатил без колебање и станал многу почитуван борец на Мавровскиот одред „Кораб". Во одредот се грижел за борците како за свои деца. Неговата храброст и длабока хуманост најмногу дошла до израз во судирот на одредот со балистите во Ново Село. Тој не само што херојски се борел, туку кога можел да се спаси, настојувал најпрвин да се спасат другите борци, штитејќи им ја отстапницата, за потоа и тој да се повлече. Храбро загинал во нерамната борба со неколку стотици балисти.[1] Со него загинале и Злате Дамјановски, Анте Гиноски и Радован Цониќ.[2]

Во Гостивар една улица е именувана по него.[3]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Синадиновски, Јаким; Груевски, Зоге (1976). Трите мавровски села. Скопје: Заедница на научните дејности. стр. 244–245.
  2. Гале Фиданоски „Априлскиот злостор во Ново село“, Гостивар, 1976.
  3. Gostivarpress.mk (2019-05-08). „Од утре на ул „Боге Велјановски" отежнат сообраќај поради асфалтирање | Gostivarpress.mk“. Посетено на 2022-11-28.