Роберто „Боби“ Алфонсо Фарел (Roberto "Bobby" Alfonso Farrell) (6 октомври 194930 декември 2010) бил танчер и изведувач, најпознат по тоа што бил пејач на поп и диско групата позната во 1970те како Boney M.[2]. Во Македонија е познат и по тоа што неговата сопруга Јасмин Шабан[3] е од Скопје, со која се оженил во 1981 година кога таа била познат југословенски фотомодел.[4]

Боби Фарел
Bobby Farrell
Боби Фарел со Boney M, 2006
Боби Фарел со Boney M, 2006
Основни податоци
Родено имеРоберто Алфонсо Фарел[1]
Роден(а)октомври 6, 1949(1949-10-06)
ПотеклоАруба, Холандски Антили
Починал(а)декември 30, 2010(2010-12-30) (возр. 61)
Санкт Петербург, Русија
Жанр(ови)Поп, диско
Занимање/њаТанчер, забавувач
Години на активност1975–2010
Продукциска куќа/ќиHansa Records, Sony-BMG

Животопис

уреди

Фарел е роден на островот Аруба што е дел од денешните Холандски Антили, каде го поминал детството. На 15 годишна возраст го напуштил островот за да стане морнар. По две години се преселил во Норвешка. Оттаму заминал за Холандија, каде работел како Диџеј, а потоа се преселил во Германија. Во Македонија е познат и по тоа што неговата сопруга Јасмин Шабан[3] е од Скопје, со која се оженил во 1981 година кога таа била познат југословенски фотомодел.[4] Со Јасмин имале две деца, ќерката Занилја Фарел родена во 1983 година, која е раперка,[5] и синот Занин. Тие се развеле во 1995 година.

Починал утрото на 30 декември 2010 година, во хотел во Санкт Петербург, поради срцева слабост.[6] Неговиот агент изјавил дека Фарел се жалел на проблеми со дишењето по настапот претходната вечер.[7][8] Телото на Фарел било откриено од вработените во хотелот.[9] Погребан бил во Амстердам.

Годините со Boney M.

уреди

Во Германија најчесто работел како Диџеј кога продуцентот Френк Фариан го повикал да биде дел од новоформираната група Boney M.. Така, Боби Фарел станал единствениот машки член на групата. Подоцна Фариан изјавил дека Боби не пеел на снимките, туку машките вокали снимени во студио во најголем дел биле на самиот Фариан. Лиз Мичел потврдила дека само таа, Марсија Барет и Фариан пееле при снимање на песните. Сепак, Боби Фарел пеел во живо на некои од песните при настапи на групата.[10] Фарел ја напуштил групата во 1981 година, по несогласувања со Фариан, и веднаш бил заменет со Реги Цибое. Во 1984 година повторно се приклучил на групата и останал сè до 1986 година кога групата се распаднала.[11]

Ќерката на Фарел, Занилја Фарел изјавила дека откако се распаднала групата, татко ѝ ги изгубил сите приходи.

Кога татко ми побара 100.000 марки од Фариан, му беше речено да потпише некои документи. Татко ми сè потпиша - од права на фотографиите, авторски права, сè. Така татко ми изгуби сè, а ние моравме да се преселиме кај баба ми во Холандија и да живееме од милостина. Татко ми беше многу лут, но мајка ми беше паметна и му рече дека ако го поседува името, може да го користи. Фариан не го регистрирал името Boney M во цел свет, па татко ми можеше да настапува под тоа име во некои земји.[12]

Боби Фарел настапувал со хитови од групата под името „Бони М на Боби Фарел“. Тој исто така се појавил како танчеер во 2005 година во видео спот на Роџер Санчес за песната Turn on the Music.

Наводи

уреди
  1. Albums by Bobby Farrell - Rate Your Music
  2. „Boney M singer Bobby Farrell dies at 61“. The Guardian. 30 December 2010. Посетено на 30 December 2010.
  3. 3,0 3,1 Извадок за венчавката од српски весник[мртва врска]
  4. 4,0 4,1 „Почина скопскиот зет Боби Фарел од „Бони М". Нова Македонија. 3 јануари 2011. Посетено на 2011-01-03.[мртва врска]
  5. "Ik wil niet alleen maar rappen", Het Parool, 24 December 2011 (Dutch)
  6. „Farrell overleed door hartfalen“. De Telegraaf. 31 December 2010. Архивирано од изворникот на 2012-10-07. Посетено на 1 January 2011.
  7. „Bobby Farrell (61) overleden“. NU.nl. 30 December 2010. Архивирано од изворникот на 2010-12-30. Посетено на 30 December 2010.
  8. „Boney M's Bobby Farrell has died, aged 61“. RTÉ. 30 December 2010. Архивирано од изворникот на 2 January 2011. Посетено на 30 December 2010.
  9. „Boney M singer Bobby Farrell dies aged 61“. BBC News. 30 December 2010. Посетено на 2010-12-31.
  10. „Whatever happened to Boney M?“. BBC News. 29 January 2002. Посетено на 30 December 2010.
  11. Larkin, Colin (2006). The encyclopedia of popular music: Morricone, Ennio - Rich kids, Volume 6. Oxford University Press. стр. 745. ISBN 978-0-19-531373-4.
  12. Mary's Boy Child: Boney M brought my dad fame and tragedy, Daily Mirror, 23 December 2012