Боби Браун

американски пејач

Роберт Барисфорд Браун Постариот (англ. Robert Barisford Brown Sr.; роден на 5 февруари 1969 година)[4] ― американски пејач, текстописец, рапер и танчер. Музичката кариера ја започнал во R&B и поп-групата New Edition, чиј член бил од нејзините почетоци во 1978 година до декември 1985 година.[5] Браун се смета за основоположник на жанрот „new jack swing“.

Боби Браун
Боби Браун во 2018
Роден(а)Роберт Барисфорд Браун
5 февруари 1969(1969-02-05)(55 г.)
Бостон, Масачусетс, САД
Занимање
  • Пејач
  • текстописец
  • рапер
  • танчер
Активен период1978–денес[1][2]
ТВ програм(и)Да се биде Боби Браун
Сопружник
Деца7

Музичка кариера
Жанрови
Издавачи

По напуштањето на групата, Браун започнал соло-кариера, а особено успешен бил неговиот втор албум „Don't Be Cruel (1988) на кој се наоѓала песната „My Prerogative“ која се искачила на прво место на Billboard Hot 100 и песната „Every Little Step“ за која освоил Греми.

Во 1992 година, Браун се оженил со Витни Хјустон, со која подоцна ја добил ќерката Боби Кристина Браун. Од 2005 година, Браун и Хјустон глумеле во реалното шоу Да се биде Боби Браун (англ. Being Bobby Brown). Хјустон поднела барање за развод во 2007 година, а починала во 2012 година. Нивната ќерка починала во 2015 година.

Живот и кариера

уреди

Боби Браун бил роден во Бостон, Масачусетс,[4] како едно од осумте деца на неговите родители. Кога имал три години, еден од неговите идоли од детството, Џејмс Браун, настапувал во Бостон, што ја всадило идејата кај Боби Браун да стане професионален пејач. Браун бил инспириран од музичарите: Рик Џејмс, Мајкл Џексон, Марвин Геј и Принс.[6]

Групата New Edition била основана во 1981 година од 12-годишниот Браун и неговите другари од детството: Мајкл Бивинс и Рики Бел.[7] Откако настапиле на неколку шоуа за таленти во околијата на Бостон во 1979 година, тие потпишале договор со Streetwise Records, кој го издал нивниот прв албум Candy Girl. Насловната нумера се пласирала во топ-20 на топ-листата за ар-ен-би синглови од Билборд во 1983 година. Групата станала поп-сензација со нивното истоимено второ издание. Албумот ги содржел кросовер хитовите „Cool It Now“ и „Mr. Telephone Man“.

И покрај успехот на групата, Браун ја напуштил на почетокот од 1986 година[8] и потпишал договор со MCA (која претходно му ветила соло-договор на Браун доколку се реши да ја напушти New Edition). Издавачката куќа го издала неговиот прв соло-албум King of Stage во 1986 година.

Во 1988 година, Браун го објавил неговиот најуспешен соло-албум во кариерата, Don't Be Cruel. Од албумот произлегле пет топ-десет хитови на Billboard Hot 100, вклучувајќи го синглот „My Prerogative“ кој се искачил на прво место.[9] Оваа песна, заедно со „Every Little Step“ станале најпознати песни од Боби Браун. Албумот се продал во дванаесет милиони примероци во светски рамки, со што станал најпродаван албум во 1989 година. Во февруари 1990 година, Браун освоил Греми за најдобра R&B вокална изведба од пејач за четвртиот сингл од албумот „Every Little Step“.[10] Албумот, исто така освоил две Американски музички награди, музичка награда „Soul Train“ и Награда по избор на народот.

Во 1989 година, Браун придонел со две песни за саундтракот од Истерувачи на духови II, а имал и камео-улога во филмот. Во 1990 година, Браун ја извел „Tap into My Heart“ на MTV видеонаградите во 1990 година и требало да го издаде албумот Mystical Magic, но од непознати причини бил одложен и не бил објавен.

Следниот албум на Браун Bobby бил објавен во 1992 година. За песната „Humpin' Around“ добил уште една номинација за Греми-награда за најдобра R&B вокална изведба од пејач.[10] Ја освоил неговата трета Американска музичка награда во јануари 1993 година. Сепак, продажбата на Bobby била послаба во споредба со неговиот претходен албум. Витни Хјустон и Браун снимиле заедничка песна „Something in Common“, која била издадена како сингл од албумот Bobby.

Во 1997 година го издал неговиот четврти соло-албум Forever. Единствениот сингл од албумот, „Feeling Inside“, не бил успешен.

На 5 јуни 2012 година, Браун го издал неговиот петти албум, The Masterpiece.

Личен живот

уреди

Од 18 јули 1992 година до 24 април 2007 година, Боби Браун бил во брак со пејачката Витни Хјустон. Имале една ќерка, Боби Кристина Хјустон-Браун (1993–2015). По разводот, целосното старателство над девојчето ѝ било доделено на мајка му на Браун поради неговите проблеми со законот и алкохолот, како поради обвиненијата за семејно насилство. Боби Кристина Браун починала на 26 јули 2015 година, речиси шест месеци откако била пронајдена во несвест во када во нејзиниот дом.

Браун имал и син, Лендон Браун (роден 1986) со Мелика Вилијамс и две деца со Ким Вард: Лапринша Браун (роден 1990) и Роберт Барисфорд Браун Помладиот (1992-2020).

На 22 јуни 2012 година, Боби Браун се оженил со Алиша Етериџ на Хаваи. Двојката има три деца: син, Касиус Браун (роден на 30.05.2009 година) и две ќерки Боди Џејмсон Рајн Браун (родена на 09.07.2015 година) и Хендрикс Естел Шеба Браун (роден на 07. 14.2016)

Дискографија

уреди
Студиски албуми
  • King of Stage (1986)
  • Don't Be Cruel (1988)
  • Bobby (1992)
  • Forever (1997)
  • The Masterpiece (2012)
Со New Edition
  • Candy Girl (1983)
  • New Edition (1984)
  • All for Love (1985)
  • Home Again (1996)

Наводи

уреди
  1. „You Say It's Your Birthday, New Edition, and Bell Biv Devoes“. MTV. Архивирано од изворникот на October 24, 2019. Посетено на October 24, 2019.
  2. 'The New Edition Story' Part One: Humble Beginnings To Harsh Realities“. Essence. January 25, 2017. Посетено на October 24, 2019.
  3. „Bobby Brown Songs, Albums, Reviews, Bio & More“. AllMusic.
  4. 4,0 4,1 Huey, Steve. „[Bobby Brown] Artist Biography“. AllMusic. Посетено на March 22, 2015. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „allmusic“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  5. Caramanica, Jon (February 13, 2009). „The Newest New Edition: Three Singers, Trading Styles with Equanimity“. The New York Times. Посетено на October 29, 2019.
  6. „Artist Influences for Bobby Brown“. MTV. Архивирано од изворникот на February 3, 2014. Посетено на February 22, 2013.
  7. Празен навод (help)
  8. Hilburn, Robert (September 27, 1992). „How Cruel Can Fame Be, Bobby Brown?“. Los Angeles Times. Посетено на January 4, 2023.
  9. „BOBBY BROWN | full Official Chart History“. Official Charts. Посетено на 25 January 2022.
  10. 10,0 10,1 „Bobby Brown“. Recording Academy Grammy Awards. November 23, 2020. Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „:6“ е зададен повеќепати со различна содржина.

Надворешни врски

уреди