Блокатор на калциумовите канали

Блокаторите на калциумовите канали се лекови кои го попречуваат движењето на калциумот (Ca2+) низ калциумовите канали.[2] Блокаторите на калциумовите канали се користат како антихипертензивни лекови, т.е., лекови кои го намалуваат крвниот притисок кај пациенти со хипертензија. Тие се особено ефикасни при ригидност на големите крвни садови, една од најчестите причини за покачен систолен крвен притисок кај постари пациенти.[3] Блокаторите на калциумовите канали често се користат за третман на аритмија, во превенција на церебрален вазоспазам, и за ублажување на градна болка предизвикана од ангина пекторис.

Блокатор на калциумовите канали
Класа на лек
Употребахипертензија, аритмија, кластерна главоболка[1]
ATC кодC08
Надворешни врски
MeSHD002121
Скелетна формула од верапамил

Примери

уреди

Во оваа класа на лекови спаѓаат:

Историја

уреди

Блокаторите на калциумовите канали за прв пат биле идентификувани во лабораторијата на германскиот фармаколог Албрехт Флекенштајн во 1964 година.[4]

Наводи

уреди
  1. Tfelt-Hansen, P; Tfelt-Hansen, J (2009). „Verapamil for cluster headache. Clinical pharmacology and possible mode of action“. Headache. Review. 49 (1): 117–25. doi:10.1111/j.1526-4610.2008.01298.x. PMID 19125880.
  2. "calcium channel blocker" at Dorland's Medical Dictionary
  3. Nelson M (2010). „Drug treatment of elevated blood pressure“ (PDF). Australian Prescriber. 33 (4): 108–12. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-10. Посетено на 2019-02-10.
  4. Fleckenstein, A. (1983). „History of calcium antagonists“. Circulation Research. 52 (2 Pt 2): 13–16. PMID 6339106.