Благоја Трајковски (Миладиновци)

Благоја Петров Трајковски ( 1925 во Миладиновци, Скопско16 април 1945 во Врпоље, Хрватска) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Потекнувал од сиромашно семејство. Основно училиште завршил во родното село. Откако го завршил основното образование, им помагал на родителите и чувал добиток. По окупацијата на Македонија му се придружил на својот постар брат во помагањето на Народноослободителното движење. На 29 ноември 1944 година, по ослободувањето на Скопје, стапил во Треттата македонска ударна бригада, со која заминал во Земун. Успешно завршил воено-политичка обука ѝ се запознал со ракувањето на новоприменото оружје. Бил учесник во пробивот на Сремскиот фронт, а на 16 април 1945 година, во една нова битка за ослободување на Врпоље, храбро загинал заедно со својот постар брат Стево. Неговите посмртни останки, како ѝ тие на неговиот постар брат биле пренесени и закопани во Миладиновци.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив - Скопје. 1969. стр. 150. На |first= му недостасува |last= (help)