Благе Миланов Гиевски ( 1924 во Живиње, Кумановско1944 во Матка, Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство. Бил еден од напредните младинци во селото. Во неговата куќа се одржувале разни состаноци. Како деветнаесет годишен младинец, во септември 1944 година стапил во борбените редови на прославената Трета македонска ударна бригада. Учествувал во нејзините натамошни борби. Кон крајот на октомври 1944 година, со Бригадата водел жестоки борби против балистите и Германците за преземање на хидроцентралата Матка. Во оваа борба бил тешко ранет, но, и покрај тоа продолжил херојски да се бори сè до последниот патрон. Бил заробен од балистите и на ѕверски начин убиен.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 185. На |first= му недостасува |last= (help)