Битолски земјотрес (1994)
Битолскиот земјотрес во 1994 година — земјотрес кој ја зафатил Битола и околината на југозападниот дел на Македонија, на 1 септември 1994 година. 10 лица биле полесно повредени, додека во градот биле уништени фасади и покриви на некои постари градби. Земјотресот, кој имал магнитуда од 5,2 степени бил со епицентар 15 км западно Битола, околу 100 километри јужно од Скопје. Неколку постари згради биле исто така оштетени и во Кавадарци, кој е оддалечен 70 километри од Битола. Помали потреси биле почувствувани и во Демир Хисар, Ресен и Охрид.
Датум | 1 септември 1994 |
---|---|
Магнитуда | 5,2 Mw |
Епицентар | Битола |
Зафатени земји/подрачја | Македонија |
Жртви | 10 повредени |
Земјотресот бил почувствуван и во соседните Бугарија и Грција.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Дваесет години од големиот земјотрес во Битола“[мртва врска], „Република“, 01.09.2014.
Литература
уреди- Сотир Пановски (уредник), „Земјотресот во Битола од 1 септември 1994: зборник на трудови од научнопопуларната трибина одржана на 27 септември 1996 година во Битола“, Битола, 1996.