Битка кај Ходов
Битката кај Ходов — битка помеѓу Кралството Полска и силите на Кримското ханство, која се одвила во јуни 1694 година во Рутенското Војводство на Круната на Кралството Полска, во близина на селото Ходов (денес Тернопилска област, Украина).
Битка кај Ходов | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Отоманско-полска војна | |||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Полско-литванска Државна Заедница | Кримско ханство | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Константи Заборовски Миколај Тизковски Јан Витославски | непознато | ||||||
Сила | |||||||
100 Полски хусари | ~40,000[2][3] | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Помалку од 100[2][3] | 1,000–2,000[2] |
Преглед
уредиВо јуни 1694 година, татарските муслимански сили извршиле напад на полска територија со намера да ги ограбат селата за плен и да заробат затвореници за откуп. Полските сили испратени да ги спречат се состоеле од приближно 400 војници;[4] Историчарот Мирослав Нагиелски проценува 100 хусари и 300 панцерни.[2] Татарскиот број бил проценет на 25.000 до 70.000, а 40.000 е најчесто цитираната бројка.[5] Јован III Собиески, тогашниот полски крал, исто така ја спомнал бројката од 40.000.[3]
Битка
уредиПрвата средба се случила на полињата во близина на Ходов. 400-члената полска коњаница ја нападнала 700-члената татарска авангарда и ги натерала да се повлечат. Набргу потоа полските сили се повлекле во Ходов поради огромниот број на непријатели и продолжиле да се зацврстуваат користејќи тешки дрвени огради оставени таму од претходните татарски инвазии. Во следните 6 часа полските трупи се спротивставиле на немилосрдните напади на Татарите. Дури и откако на Полјаците им снемало куршуми, тие продолжиле да пукаат кон непријателот, користејќи татарски стрели како импровизирана муниција за нивните пиштоли.[6]
Не можејќи да ги поразат Полјаците, Татарите ги испратиле Липките кои зборувале полски да ги убедат полските трупи да се предадат.[7] Кога полскиот командант одговорил „Дојди и земи нè ако можеш“, Татарите се повлекле кај Камиенец Подолски и се откажале од целиот напад, бидејќи не добиле речиси ништо и покрај големите загуби на војници и огромната бројна предност.
Последици
уредиКралот Јован III Собиески ја искористил извонредната победа за да го подигне армискиот морал и им платил дарежлива компензација на оние што ги загубилесвоите коњи, финансирал лекување на ранетите и ги наградил оние што ги заробиле непријателските војници. Во 1695 година, тој нарачал и статуа во чест на битката. Споменикот преживеал во модерното време, бил обновен во летото 2014 година и официјално бил откриен за време на прославата на 320-годишнината од битката на 25 октомври 2014 година [8]
Наводи
уреди- ↑ J.Wimmer. Materiały do zagadnienia organizacji i liczebności armii koronnej w latach 1690–1696. In: Studia i Materiały do Dziejów Wojskowości. 1963, tom IX/1, pp. 237–275.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Mirosław Nagielski Hodów 1694-2014. Ostatnie zwycestwo husarii w dawnym stylu Bellona 1/2015, pp. 229-233
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Sikora R., Niezwykłe bitwy i szarże husarii, Warszawa 2011.
- ↑ Sarnecki K., Pamiętniki z czasów Jana Sobieskiego, tom 1, opr. J. Woliński, Wrocław 2004.
- ↑ Poznajemy. Bitwy polskie, Polen 2011.
- ↑ Sikora R., Niezwykłe bitwy i szarże husarii, Warszawa 2011.
- ↑ Mała Encyklopedia Wojskowa, p.r. J. Bordziłowski, tom. 1, Warszawa 1967
- ↑ Report from the celebration of the 320th anniversary of the Battle of Hodów and the unveiling of renewed monument of the Battle, Embassy of the Republic of Poland in Ukraine, 3.11.2014
Надворешни врски
уреди- „Hodów 1694 - Kresy - Portal Społeczności Kresowej“. kresy.pl. 17 October 2012. Архивирано од изворникот на 2016-11-16. Посетено на 18 June 2017.
- http://www.konflikty.pl/a,4291,Wczesna_nowozytnosc,Polskie_Termopile_1694._Bitwa_pod_Hodowem.html with additional references
- Winged Hussars, Radoslaw Sikora, Bartosz Musialowicz, Business Ukraine Magazine, October 2016.