Битка кај Фираз
Битката кај Фираз (арапски: فیراز دی لڑائی) се одвила во јануари 634 година помеѓу здружените сили на Византија, Персија и христијанските арапи од една страна[2][4] и Праведниот Калифат од друга страна. Битката е дел од Византиско-арапските војни, а завршила со победа на Праведниот Калифат.
Битка кај Фираз | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Византиско-арапски војни Муслиманско освојување на Персија |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Праведен Калифат) | Византија Персија Христијански Арапи |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Халид ибн ал-Валид | Хорможд Џадујих[2] | ||||||
Сила | |||||||
15,000 | 120,000-150,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
непознато, но големо | 100,000[3] |
Битката била последна на муслиманската армија под водство на командантот Халид ибн ал-Валид. Муслиманската армија броела околу 15,000 војници[5], додека сојузничките сили биле некоку пати повеќе[5].
Битката резултирала со први муслимански освојувања на Месопотамија. Муслиманското освојување на Персија завршило по Битката кај ал-Кадисија.
Позадина
уредиДо крајот на 633 година, муслиманските сили владееле со долината на реката Еуфрат. Во оваа долина Фираз бил место најоддалечено од работ на Персија и како такво во градот биле сместени персиските сили. Халид решил да ги протера Персијците од овј бастион, плашејќи се дека Персија се подготвува за експедиција со која ќе ги повртати своите изгубени територии. Така, тој со своите сили пристигнал во околината во декември 633 година. Градот се наоѓал на границата меѓу Персија и Византија кое значи дека освен персиските, во близина биле сместени и војските на Византија. Според муслиманите, Византија решила да помогне на Персија за заедничка војна против муслиманите. Според нивни извори, сојузничките сили составени од Византијци, Персијци и христијански Арапи биле за неколкупати повеќе по број во однос на муслиманските. Импресиониран од својата големина, византискиоит генерал испратил порака до муслиманите за безусловно предавање, на кое Халид му напишал дека својот одговор ќе го добие на бојното поле[6].
Битка
уредиХалид му дал опција на непријателите да ја преминат реката Еуфрат. Кога сојузничките сили ја поминале реката, Халид наредил на муслиманските сили да започнат со напад. Сојузничките сили реката Еуфрат ја имале на својот грб, а позицијата им била слична како со онаа во Битката кај Мазар, со кое муслиманскиот водач ја направил истата тактика како кај Мазар.
По започнувањето на битката, Халид наредил напад на својата задна линија и заобиколување на мостот на реката, со кое сојузничките сили се нашле затворени во обрачот на муслиманските. Збунети и исплашени, христијанските сили започнале да се фрлаат во реката, додека муслиманските започнале со наад со стрели. Така, битката била завршена.
Според муслиманските извори, ова била крвава за христијаните битка. На муслиманските сили битката им дала поголема сила и верба. По оваа битка, цела персиска Месопотамија станала муслиманска[6].
По битката
уредиВо почетокот на Битката кај Фираз, Халид дал заклетва дека доколку победи, ќе презеде аџилак до Мека. Така, по победата тој останал во Фираз на неколку денови и направил подготовка за ддминистрација на територијата. Во јануари 634 година наредил главната муслиманска армија да се придвижи кон ал-Хирах. Тој се движел во задниот дел на армијата, каде по некое време се издвоил од поворката и заминал кон Мека.
Наводи
уреди- ↑ Michael G. Morony, Iraq After the Muslim Conquest, (Gorgias Press, 2005), 225.[1]
- ↑ 2,0 2,1 Parvaneh Pourshariati, Decline and Fall of the Sasanian Empire:The Sasanian-Parthian Confederacy and the Arab Conquest of Iran, (I.B.Tauris, 2008), 201-202.
- ↑ Abu Ja'far Muhammad ibn Jarir al-Tabari, Tarikh al-Rusul wa al-Muluk (History of the Prophets and Kings), Vol. I, p. 2027
- ↑ John W. Jandora (1985), The Battle of the Yarmūk: A Reconstruction, Journal of Asian History, 19 (1): 8–21.
- ↑ 5,0 5,1 A.I. Akram, The Sword of Allah: Khalid bin al-Waleed, His Life and Campaigns, Nat. Publishing. House, Rawalpindi (1970) ISBN 0-7101-0104-X.
- ↑ 6,0 6,1 pioneer, Campaigns in Western Iraq