Битката кај Карс се одвила на 17 ноември 1877 година помеѓу силите на Руската Империја и Отоманското Царство. Битката е дел од Руско-турската војна од 1877-1878 година. Во оваа битка, Русите издвојувале одлучувачка и многу значајна победа над Османлиите.

Битка кај Карс
Дел од Руско-турска војна (1877–1878)
Датум 17 ноември 1877
Место Карс, денешна Турција
Исход Руска победа
Завојувани страни
 Руско Царство  Османлиско Царство
Команданти и водачи
Михаил Лорис-Меликов , Лазарев Иван Давидович Хусеин Паша
Сила
? 24,000
Жртви и загуби
2,273 2,500 убиени
4,500 повредени
17,000 заробени
Карс во 1878 година

Претходно, во јуни 1877 година руските сили се обидиле да го опседнат Карс, но тие биле поразени. Во ноември, рускиот командант на Кавказ, Михаил Лорис-Меликов побарал од османлиските власти да го предадат градот, но истиот бил одбиен. Така, нападот се случил на 17 ноември 1877 година. на чело на османлиските сили се наоѓал Хусеин Паша. По само неколку часови од битката, Османлиите биле поразени.

По потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор, градот станал дел од Руската Империја. По потпишувањето на Брест-Литовскиот мировен договор, градот повторно бил вратен на Турција.