Битка кај Ипс
| ||||||||||||||||||||||||
Битката кај Ипс (301 п.н.е. во Фригија) била битка за превласт во Азија, војувале Антигон и неговиот син Деметриј против Касандар (владетел на Македонија), Лизимах (владетел на Тракија) и Селевк (владетел на Вавилонија и Персија). Во битката Антигон загинува, а неговиот син Деметриј се повлекува кон Ефес.
Ангажирани ресури
уредиАнтигон бил стар 80 години, ги владеел територите на денешна Сирија, Турција, Либан и Јудеја. Имал голема армија и имал победено многу непријатели. Неговата војска броела околу 80.000 војници, од кои 45.000 тешка пешадија, 25.000 лесна пешадија, 10.000 коњаници и 75 слонови. Неговите непријатели имале помалкубројна војска (околу 70.000 ), но Селевк имал дури 400 слонови. Тоа била единствената поголема битка на европско тло во која и двете страни имале воени слонови.
Распоред на силите
уредиДвете страни ги поставиле центално своите фаланги, лесната пешадија и слоновите ги поставиле напред. На страната на своите сојузници Селевк распоредил само 100 слонови напред, а останатите ги задржал како резерва. Лизимах и Селевк направиле еднаква распределба на коњаниците на обете крила. Од другата страна Антигон го распоредил поголемиот дел од кањаницата на десната страна под команда на неговиот син Деметриј.
Тек на битката
уредиВо центарот се судриле лесната пешадија и слоновите. Секоја од страните се обидувала да ги уништи противничките слонови а своите да ги заштити. Деметриј нападнал со коњаницата врз сојузничката лева страна која била под команда на синот на Селевк, Антиох. Деметриј напредувал по сојузничката лева страна, но слоновите на Селевк кои биле во резерва ја блокирале намерата на Деметриј I Опсадникот за напад на сојузничката фаланга.
Во центарот трупите на Антигон бидејќи биле побројни и поискусни почнале да покажуваат успех во борбата, но стрелците на сојузниците нападнале на левото небрането крило на Антигоновата војска. Опсипани со дожд од стрели војската на Антигон почнала да ја губи вољата за борба, задавајќи се во бег. Двете армиии станале неорганизирани. Антигон безуспешно се обидувал да ја организира својата армија, но и самиот погинал погоден од стрела.
Последница
уредиАнтигон се обидел да ја обедини Македонската Империја. Но со овој пораз и со неговата смрт тој обид пропаднал, а империјата дефинитивно се поделила на три важни центри. Имено Лизимах ја презема Мала Азија до Tаурос, Селевк ги земал Ерменија, Кападокија, Месопотамија и Сирија. Братот на Касандар ги добил Киликија и Ликија, а Селевк останатиот дел од империјата. Египет останал под владение на Птолемаидите, Македонија и Грција се втoриот важен центар, а Селевк со Сирија и Вавилон го сочинува трeтиот важен центар.[1]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Kingdoms of the Successors of Alexander: After the Battle of Ipsus, B.C. 301“. World Digital Library. 1800–1884. Посетено на 2013-07-27.CS1-одржување: датумски формат (link)
Надворешни врски
уреди- Livius.org: Битката кај Ипс Архивирано на 29 јануари 2013 г. (англиски)