Битка кај Анхијал (708)

Битката кај Анхијал се одвила во 708 година во близина на Анхијал, денешна Бугарија, помеѓу силите на Византиското Царство и силите на Бугарија. Битката е дел од Византиско-бугарските војни, а завршила со победа на Бугарите.

Битка кај Анхијал
Дел од Византиско-бугарски војни
Датум 708
Место Анхијал
Исход бугарска победа
Завојувани страни
Бугарија Византија
Команданти и водачи
Тервел Јустинијан II
Сила
непознато непознато
Жртви и загуби
непознато големи

Позадина

уреди

Во 705 година, бугарскиот хан Тервел помогнал на детонираниот од власт во 695 година византиски цар Јустинијан II да се врати на престолот по 10 години заточеништво. За да покаже благодарност, Јустинијан ги наградил Бугарите со злато, сребро, свила, ја дал високата византиска титула "Кесарија" (Цезар) на бугарскиот владетел, на кој му издигнал и статуа во Цариградскиот хиподром. Бугарија ја добила и стратешката област Загора, сместена меѓу денешна Стара Загора и Црно Море.

Три години подоцна, Јустинијан II решил да ги врати назад територите, кои претходно ги подарил.

Конфликт

уреди

Во 708 година византиските коњаници пристигнале пред тврдината Анхијал и изградиле камп околу неа, бидејќи не се сомневала дека бугарската армија ги очекува скриена во планинските вериги во областа. Сигурен во својот успех, царот не презел мерки за заштита на кампот. Додека напаѓачите собирале храна, Бугарите, според Теофан Исповедник, "ги виделе од планините глупавите одредби на Византијците" и "неочекувано се нафрлиле како ѕверови и го уништиле византиското стадо, по кое зеле многу заробеници, коњи и оружје освен убиените". Царот и малкумина од луѓето успеале да дојдат до тврдината и да се затворат во неа, кој успеал да побегне тајно во ноќта на третиот ден со бродовите и да замине кон Цариград, каде се вратил "со срам". За да го покаже поразот царот наредил "да се стават трофеи на ѕидовите" на Анхијал. Какви биле тие трофеи не е познато.

Последици

уреди

Како резултат од битката Бугарија ги утврдила позициите во новите територии јужно од Стара Планина.

Во 711 година Јустинијан II повторно побарал помош од Тервел (за да го врати повторно изгубениот престол). Бугарскиот владетел му испрараил само војска од 3.000 луѓе, на кои подоцна бил даден безбеден, слободен коридор за да се вратат во Бугарија. Јустинијан II по ова бил погубен.

Извори

уреди
  • Атанас Пейчев и колектив: 1300 години на стража, Военно издателство, София 1984.
  • Йордан Андреев, Милчо Лалков: Българските ханове и царе, Велико Търново, 1996.
  • Теофан Изповедник: Хронография (превод на В. Бешевлиев и Г. Цанкова-Петкова в Гръцки извори за българската история, том III, с. 267-268)