Бислимска Клисура
Бислимска Клисура — кратка епигенетска клисура во средното течение на реката Пчиња. Се протега јужно од градот Куманово, меѓу вливот на Кумановска Река во Пчиња и селото Пчиња во должина од 6,5 километри.[1][2]
Во клисурата има неколку изразити вклештени меандри.
Местоположба
уредиКлисурата е сместена помеѓу кумановските села Пчиња и Доброшане, односно историското село Бислим, чиј атар го презело денешното село Доброшане.
Пристап
уредиДо клисурата може да се дојде преку асфалтен пат од градот Куманово и до двете села, но патеките за движење низ клисурата започнуваат од селото Пчиња. Кај последните куќи во селото Пчиња се наоѓа и порта, која го одбележува влезот во клисурата.
Особености
уредиВсечена е во варовнички карпи со јурска старост, меѓу ридовите Краста (534 м.), од десната страна и Кукуљатица (722 м.), од левата страна. Има стрмни страни, на одредени места речиси вертикални, така што на некои места наликува на кањон.[2]
Покрај пештерите и пропастите, овде релјефот е многу интересен, со бројни шкрапи, вртачи, суводолици, раседи и сл. Во Бислимската Клисура има разновиден растителен и животински свет (лилјаци, соколи, орли, влекачи — особено поскоци и други).
Пештери
уредиВо клисурата се наоѓаат десетина пештери и пропасти, долги до 90 метри. Најдолга пештера е Студен Пештер (90 м.), а најдлабока пропаст е Маркова Куќа, длабока околу 40 метри. Со својот пештерски накит, најинтересна е Лишков Пештер, во јужниот дел на клисурата (2 километри спротиводно од селото Пчиња).
Историја
уредиВо средишниот дел на клисурата и во пештерите има остатоци од антички градби, веројатно од римскиот период.
Заштитено подрачје
уредиПо сите свои одлики, Бислимската Клисура заслужува да биде заштитено подрачје, особено имајќи предвид дека е се наоѓа мошне близу до градот Куманово. Сепак таа е доста деградирана од загадените води на Пчиња, кои доаѓаат од Куманово.
Галерија
уредиПоврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Подземни карстни форми во Бислимска Клисура. Географски разгледи кн. 34. Андоновски Т., Милевски И., Скопје, 1999
- ↑ 2,0 2,1 Група автори (2016). „Клисура на Злетовска Река“. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (PDF). Скопје: Министерство за животна средина и просторно планирање. стр. 153. ISBN 978-9989-110-90-0.
Надворешни врски
уреди- Бислимска Клисура на Ризницата ?
- Уживајте во патешествието по интересната Бислимска Клисура кај Куманово — мошне опширен напис за клисурата од д-р Ивица Милевски на порталот „ИГЕО“
- Бислимска клисура Мала клисура со големи тајни Дарко Оносимоски www.fakulteti.mk