Бисаболол

хемиско соединение

Бисаболол, или поформално α-(−)-бисаболол или исто така познат како левоменол,[1] е природен моноцикличен сесквитерпенски алкохол. Тој е безбојна, вискозна, маслена течност која е примарна компонента на етеричното масло од камилица (Matricaria recutita) и Myoporum crassifolium.[2] Тој е слабо растворлив во вода и глицерин, а растворлив е во етанол.[3] Неговиот енантиомер, α-(+)-бисаболол, е исто така присутен во природата, но ретко. Синтетскиот бисаболол вообичаено е рацемска смеса од двата, α-(±)-бисаболол.

α-(−)-Бисаболол
α-(−)-Bisabolol
Назнаки
23089-26-1
Бајлштајн 5733954
ChEMBL ChEMBL1096927
ChemSpider 390796
3Д-модел (Jmol) Слика
PubChem 10586
UNII 24WE03BX2T
Својства
Хемиска формула
Моларна маса 0 g mol−1
Густина 0.92 g cm−3
Точка на вриење
Дополнителни податоци
Освен ако не е поинаку укажано, податоците се однесуваат на материјалите во нивната стандардна состојба (25 °C, 100 kPa)
Наводи

Се користи стотини години во козметиката бидејќи се согледани неговите лековити особини на кожата. Познато е дека бисабололот има антииритантни, антиинфламаторни, и антимикробни особини. Исто така е покажано дека бисабололот ја подобрува перкутаната апсорпција на одредени молекули.[4]

Структурно слично соединение познато како β-бисаболол (CAS registry number [15352-77-9]) се разликува само во положбата на терциерната хидроксилна функционална група.

β-Бисаболол

Наводи

уреди
  1. Rohstoff-Lexikon Bisabolol Архивирано на 20 февруари 2008 г.
  2. Bisabolol (in english) Архивирано на 10 октомври 2007 г.
  3. M. Eggersdorfer (2005). „Terpenes“. Ullmann's Encyclopedia of Industrial Chemistry. Weinheim: Wiley-VCH. doi:10.1002/14356007.a26_205. ISBN 3527306730.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
  4. Kamatou, Guy P. P.; Viljoen, Alvaro M. (2010). „A Review of the Application and Pharmacological Properties of α-Bisabolol and α-Bisabolol-Rich Oils“. Journal of the American Oil Chemists' Society. 87 (1): 1–7. doi:10.1007/s11746-009-1483-3. S2CID 95169851.