Билштет (Хамбург)
Билштет е кварт во округот Хамбург-Мите, во источниот дел на Хамбург, Германија. Во 2007, бил втор најнаселен кварт во Хамбург.
Билштет | |
Кварт во Хамбург | |
Гробишта Kirchsteinbek. | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Хамбург |
Град | Хамбург |
Реон | Хамбург-Мите |
Основни податоци | |
Површина | 17 км2 |
Население | 68.936 (31 декември 2007) |
- Густина | 4.055 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HH |
Повик. бр. | 040 |
Местоположба на Билштет во рамките на Хамбург | |
Координати | 53°32′26″N 10°6′0″E / 53.54056° СГШ; 10.10000° ИГД |
Историја
уредиШифбек, Ејендорф, Штајнбек и Шлем биле стари населби, кои сега се дел од квартот.
Географија
уредиВо 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Билштет имал вкупна површина од 17 км2. На север е квартот Јенфелд во округот Вандсбек. Општините Барсбител и Остштајнбек во германската покраина Шлезвиг-Холштајн се на исток. На запад се квартовите Хорн и Билброк, на југ е квартот Лобриге во округот Бергедорф.
Демографија
уредиВо 2007, населението во Билштет било 68.936. Густината на населеност била 4.056 жители на км2. 19,7% биле деца под 18 години и 17,3% имале 65 или повеќе години. 22,5% биле имигранти. 5.274 лица биле регистрирани како невработени.[1] Во 1999, имало 32.336 домаќинства и 39% од сите домаќинства биле составени од индивидуалци. Просечната големина на домаќинството била 2,14.[2]
Население по години[3]
1987 | 1988 | 1989 | 1990 | 1991 | 1992 | 1993 | 1994 | 1995 | 1996 | 1997 | 1998 | 1999 |
68.068 | 68.838 | 69.435 | 69.978 | 69.899 | 69.938 | 69.676 | 69.651 | 69.588 | 68.763 | 69.014 | 68.209 | 68.279 |
2000 | 2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 |
68.256 | 68.064 | 68.461 | 68.512 | 68.119 | 68.115 | 68.573 | 68.936 |
Во 2007, имало 9.626 кривични дела (140 на 1000 лица).[3]
Образование
уредиВо 2006, имало 10 основни и 6 средни училиште во квартот Билштет со 3.894 ученици.[4]
Инфраструктура
уредиЗдравствен систем
уредиВо 2007, имало 36 дневни центри за деца, 84 лекари во приватни ординации и 12 аптеки.[3]
Сообраќај
уредиАвтопатот Bundesautobahn 1 и сојузниот автопат Bundesstrasse 5 водат низ квартот. Билштет е опслужуван со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици на линијата U3.
Според секторот за моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), во квартот Билштет бил регистрирани 19.998 приватни возила (290 возила/1000 луѓе) во 2007 и 258 сообраќајни несреќи.[3]
Рекреација
уредиВо делот Ејендорф се наоѓа Ејендорфското Езеро.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди„Billstedt“ на Ризницата ? |
- Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн Архивирано на 17 јуни 2008 г. Statistisches Amt für Hamburg und Schleswig-Holstein, службена страница (германски)