Библиотека на биоразновидносното наследство на Европа
Библиотека на биоразновидносното наследство на Европа (БХЛ-Европа) претставува тригодишен проект на ЕУ (2009 – 2012 година) насочен кон дигитализацијата на литературата за биоразновидноста. Во него биле вклучени 28 големи музеи за природонаука, ботанички градини, библиотеки и други европски институции. БХЛ-Европа била основана во Берлин во мај 2009 година и се сметала себеси за европски партнер на проектот Библиотека за биоразновидното наследство (БХЛ), кој бил основан во 2005 година и првично бил создаден од десет (од 2009 година, дванаесет) библиотеки на САД и Обединетото Кралство.
БХЛ-Европа претставувала мрежа за најдобри практики. Важни компоненти на мрежата биле дигитализација и создавање соодветна инфраструктура, како и консолидација на разни европски проекти за дигитализација под заеднички централизиран и повеќејазичен портал БХЛ. Целта била да се направи достапна дигитализираната литература под лиценците Отворен пристап и Криејтив комонс и да се подобри нејзината пребарливост (со користење на OCR).
БХЛ-Европа исто така била одговорна за создавање структури за долгорочно чување на дигитални информации (трајност на дигиталните податоци).
Состав на БХЛ-Европа
уредиСледните 28 институции во мај 2009 година во Берлин имале улога на членки-основачи на конзорциумот на БХЛ-Европа:
- Природонаучен музеј (Берлин) (раководител на проектот)
- Природонаучен музеј (Лондон)
- Национален музеј (Прага)
- Европска фондација за дигитални библиотеки (Европеана)
- Angewandte Informationstechnik Forschungsgesellschaft AIT (Грац)
- Atos Origin Integration France (Париз)
- Слободен универзитет (Берлин)
- Георг-Август-Универзитет Гетинген (AnimalBase)
- Природонаучен музеј (Виена)
- Горногермански државем музеј (Линц)
- Музеј и институт за зоологија, Полска академија на науките (Варшава)
- Унгарски природонаучен музеј (Будимпешта)
- Копенхагенски универзитет
- Центар за биоразновидност „Натуралис“ (Лајден)
- Ботаничка градина Мејзе - Мејзе
- Кралски музеј за Централна Африка (Тервурен)
- Кралски белгиски институт за природни науки
- Национална библиотека на Франција (Париз) (Галика)
- Национален музеј на природонаука (Париз)
- Шпански национален совет за истражување (Мадрид)
- Фиренцски универзитет
- Кралска ботаничка градина Единбург
- Species 2000
- Wiley
- Смитсонова установа (Вашингтон)
- Ботаничка градина во Мисури (Сент Луис)
- Универзитет во Хелсинки
- Хумболтов универзитет