Национален музеј (Прага)
Националниот музеј (НМ) (чешки: Národní muzeum) — чешка музејска институција наменета за систематски да основа, подготвува и јавно изложува природни научни и историски колекции. Основана е во 1818 година од Кашпар Марија Штернберг.[1] Истовремено, во процесот на основањето на музејот силно бил вклучен и историчарот Франтишек Палачки[2].
Národní muzeum | |
Главната зграда на Националниот музеј во 2018 | |
Основан | април 15 1818 |
---|---|
Место | Прага, Чешка |
Координати | 50°04′44″N 14°25′51″E / 50.078831° СГШ; 14.430797° ИГД |
Фонд | 14 милиони предмети |
Мреж. место | nm.cz |
Во Националниот музеј има речиси 14 милиони предмети од областа на природната историја, историја, уметност, музика и библиотекарство, кои се наоѓаат во десетици музејски згради. Главната зграда на Националниот музеј е реновирана во периодот од 2011-2019 година.
Потекло
уредиПо Француската револуција, кралските и приватните уметничките, научни и културни колекции биле ставени на располагање на јавноста. Почетоците на музејот може да се видат уште во 1796 година кога е основано приватното Друштво на патриотски пријатели на уметноста од грофот Каспер Стернберк-Мандершид и група други истакнати благородници. Предвидената цел на друштвото била „обновување на унапредувањето на уметноста и вкусот“ и за време на Јосиф Втори, таа ќе се спротивстави на кралот. Во 1800 година, групата ја основа Академијата за ликовни уметности, која обучувала студенти за прогресивни форми на уметност и историја.[3]
Колекции и оддели
уредиВо Националниот музеј моментално има неколку милиони предметни материјал кои се распоредени во три главни дела: природниот музеј, историскиот музеј и библиотеката.
Наводи
уреди- ↑ „Kaspar Maria von Sternberg (1761-1838) | MPO“. www.mpo.cz. Посетено на 2019-11-29.
- ↑ Muzeum, Národní. „History“. National museum. Архивирано од изворникот на 2019-04-13. Посетено на 2019-11-29.
- ↑ „THE SOCIETY OF FRIENDS OF THE NATIONAL GALLERY IN PRAGUE“. Narodni galerie Praha. Архивирано од изворникот на 2016-03-31. Посетено на 2021-03-07.