Europeana.eu е портал кој нуди пристап до милиони книги, слики, филмови, музејски дела и архивски записи кои се дигитализирани ширум Европа.

Логото на Европеана
Логото на Европеана

Повеќе од 2000 институции ширум Европа придонеле за развој на Европеана. Меѓу познатите институции се: Рајксмузеум Амстердам, Британска библиотека и Лувр.[1] Мона Лиза од Леонардо да Винчи, Девојката со бисерна обетка од Јоханес Вермер, делата на Чарлс Дарвин и Исак Њутн како и музиката на Волфганг Амадеус Моцарт се некои од делата што ги има во Европеана.

Историја

уреди

Катализатор за основање на Европеана било писмото испратено од Жак Ширак, претседателот на Франција, заедно со премиерите на Германија, Шпанија, Италија, Полска и Унгарија до претседателот на Европската комисија, Хосе Мануел Дурао Баросо, во април 2005 година. Во писмото се препорачувало да се отвори виртуелна европска библиотека со што ќе се направи европското културно наследство достапно за сите.[2]

Прототипот бил објавен на 20 ноември 2008 година.[3] Во верзијата бета, страницата нудела пристап до 4,5 милиони дигитални објекти. Поради неочекуваната просечна посета од 10 милиони на час, опслужувачите не биле во можност да го издржат тоа, па страницата привремено била исклучена. По серија на технички надградувања, повторно била пуштена во декември 2008 година.

Во февруари 2009 година, била пуштена верзијата 1.0. Во 2010 година, проектот стигнал до бројка од 10 милиони дигитални објекти.[4] На почетокот на 2011 година, биле додадени нови можности на страницата, како алатка за превод, и можност за пребарување на насловите низ Википедија како и на други страници.

Наводи

уреди
  1. „Европеанини партнери“. Архивирано од изворникот на 16 јануари 2014. Посетено на 3 јуни 2014.
  2. "Timeline of digitisation and online accessibility of cultural heritage" (23 July 2014). European Commission, Digital Agenda for Europe. The letter, written in French, was dated 28 April 2005 (see under that date in timeline): ec.europa.eu. Retrieved 2015-05-19.
  3. „Background“. Europeana.eu. Архивирано од изворникот на January 22, 2011. Посетено на 10 March 2011. 2008 Europeana's prototype is launched on November 20th by Viviane Reding, European Commissioner for Information Society and Media, and the President of the Commission, José Manuel Barroso.
  4. „Europeana Version 1 project“. Europeana Foundation. Архивирано од изворникот на 10 јули 2012. Посетено на 25 јуни 2012.