Бернар Диомед

француски фудбалер

Бернар Диомед (роден на 23 јануари 1974 година во Сен-Дулшар) — пензиониран француски фудбалер со потекло од Гваделуп. Тој играл како крило во текот на својата кариера. Тој ја започна својата кариера во екипата на Осер за кога дебитирал во 1992 година. Таму играл 8 сезони и успеал да направи дабл во 1996 година освојувајќи ги титулите во Лига 1 и во Купот на Франција во иста сезона. Во јуни 2000 година Диомед потпишал за Ливерпул за сума од 3 милиони фунти, кога менаџер на црвените од Енфилд бил Жерар Улие. Во Ливерпул неуспева да се наметне и да биде стандарден па се враќа во Франција. Таму игра за второлигашите Кретил и Клермон. Откако не му е продолжен договорот во Клермон поради многубројните и тешки повреди, Диомед е 18 месеци без клуб пред да ја заврши својата фудбалска кариера на 18 јануари 2008.

Бернар Диомед
Лични податоци
Роден на 23 јануари 1974(1974-01-23)(50 г.)
Роден во Сен-Дулшар, Франција
Позиција крило
Младинска кариера
Осер
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1992–2000 Осер 176 (30)
2000-2003 Ливерпул 2 (0)
2002–2003Ајачо (позајмен) 15 (2)
2003-2004 Ајачо 32 (7)
2004-2005 Кретил 12 (4)
2005-2006 Клермон 11 (1)
Репрезентација
1998 Франција 8 (0)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Тој имал 8 настапи за Француската репрезентација за која дебитирал во пријателски натпревар против Шпанија. Тој бил дел и од златната генерација на Француската репрезентација која на Светското првенство во 1998 дошла до светската титула за првпат во историјата на оваа земја. Диомед одиграл три натпревари на ова првенство против Саудиска Арабија и Данска во групната фаза и против Парагвај во осминафиналето и сите три како стартер.

Титули

уреди

  со репрезентацијата

уреди

Надворешни врски

уреди