52°56′10″N 0°45′36″E / 52.936° СГШ; 0.760° ИГД / 52.936; 0.760

Бернам Торп (англ. Burnham Thorpe) е селце во околијата крај реката Берн близу крајбрежјето на Норфолк во Англија. Познато е како родно место на прочуениот вицеадмирал Хорацио Нелсон, победник во Битката кај Трафалгар, и еден од најголемите британски херои. Татко му Едмунд Нелсон служел како ректор (парох) на црквата во Бернам Торп.[1]

Бернам Торп
Burnham Thorpe

Црквата на Сите Светители во Бернам Торп
Бернам Торп во рамките на the United Kingdom
Бернам Торп

Бернам Торп во рамките на Обединетото Кралство
Површина  9.56 km2 (3.69 ми)
Население 168 
    - Густина  18/км2 (47/sq mi)
Мреж. реф. TF855412
Округ Кингс Лин и Западен Норфолк
Ширска грофовија Норфолк
Регион
Земја Англија
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град KING'S LYNN
Поштенска област PE31
Повикувачки број 01328
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент Северозападен Норфолк
Список на места: ОК • Англија •

Родната куќа на Нелсон била урната по смртта на татко му, а на нејзино место била изградена парохијата (ректоријата). Овој објект стои и денес, заедно со црквата каде што служел татко му. Местото кајшто стоела поранешната ректорија е обележано со табла.[2]

Главната крчма во селото е изградена во 1637 г. и се нарекувала The Plough („Плуг“) сè до 1798 г. кога е преименувана во The Lord Nelson („Лордот Нелсон“) во чест на неговата победа во Битката кај Абукир (Битката кај Нил). Пред да отплови, тука Нелсон одржил гозба за селаните. Крчмата постои и ден денес.[3]

Познати личности

уреди

Наводи

уреди
  1. Црква „Сите Светители“ - Бернам Торп (англиски)
  2. „Бернам Торп“. norfolkcoast.co.uk. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 2010-04-11. (англиски)
  3. „„Лордот Нелсон" во Бернам Торп“. Архивирано од изворникот на 2010-04-05. Посетено на 2010-04-11. (англиски)

Поврзано

уреди