Бенжамен Пере (француски: Benjamin Péret, роден на 4 јули 1899 во Резе - починал на 18 септември 1959 во Париз) — француски писател, приврзаник на движењето надреализам.

Бенжамен Пере
Роден/а4 јули 1899
Резе, Франција
Починат/а18 септември 1959
Париз, Франција
Занимањеписател
ДржавјанствоФранцузин
Книжевно движењеНадреализам

Биографија

уреди

Бенжамен Пере е роден на 4 јули 1899 во Резе, Франција. Во Првата светска војна се пријавил како доброволец во армијата и некое време војувал на Солунскиот фронт. По војната се зближил со дадаистите, а потоа и со надреалистите. Некое време бил главен уредник на нивното списание „La Révolution surréaliste“. Во 1929 година заминал за Бразил, но две години подоцна бил екстрадиран откако основал таму троцкистичка група. Учествувал во Шпанската граѓанска војна на страната на републиканците. Во 1940 година бил уапсен во Франција за учество во комунистичка група, по кој период заминал за Мексико, и од каде се вратил во 1947 година.

Бенжамен Пере починал на 18 септември 1959 во Париз).

Дела

уреди
  • 1921: Le Passager du transatlantique
  • 1925: Cent cinquante-deux proverbes mis au goût du jour, en collaboration avec Paul Éluard
  • 1927: Dormir, dormir dans les pierres
  • 1928: Le Grand Jeu
  • 1934: De derrière les fagots
  • 1936: Je sublime
  • 1936: Je ne mange pas de ce pain-là
  • 1945: Le Déshonneur des poètes
  • 1945: Dernier Malheur dernière chance
  • 1946: Un point c’est tout
  • 1952: Air mexicain
  • 1955: Le Livre de Chilam Balam de Chumayel
  • 1956: Anthologie de l’amour sublime
  • 1957: Gigot, sa vie, son œuvre
  • 1960: Anthologie des mythes, légendes et contes populaires d’Amérique

Надворешни врски

уреди