Бел Камен (Живојно)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Бел Камен

Карта

Местоположба 40°54′0″N 21°36′0″E / 40.90000° СГШ; 21.60000° ИГД / 40.90000; 21.60000
Основни податоци
Место Живојно
Општина Новаци
Тип

 некропола


Период железно време
Портал „Археологија“

Бел Камен (локално: Бели Каменови) е археолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува некропола од железно време. Случајно е откриен во 1956 година кога месен жител во својата нива откопал две гробници - цисти. Нивата се наоѓа на една пространа падина која постепено се спушта кон малата река Здравица, а е оддалечена 1,5 км јужно од селото и недалеку од границата со Грција. Истата година е извршено заштитно ископување при што е откриен уште еден гроб со прилози од керамички садови, копје и нож од железо и накит од бронза. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069