Влаку (Живојно)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Влаку

Карта

Местоположба 40°54′0″N 21°36′0″E / 40.90000° СГШ; 21.60000° ИГД / 40.90000; 21.60000
Основни податоци
Место Живојно
Општина Новаци
Тип

 населба


Период неолитско време
Портал „Археологија“

Влакуархеолошко наоѓалиште во битолското село Живојно. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа на зарамнетата тераса, оддалечена 1 км јужно од селото, која косо се спушта кон север, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови. Во 1972 година било извршено пробно сондажно ископување. По површината има повеќе вдлабнувања настанати од пропаѓање на земјата поради присуство на рударски окна за копање на јаглен. Наодите се наоѓаат во Заводот и музеј во Битола.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069