Белинда Карлајл

американска пејачка

Белинда Џо Карлајл (англиски: Belinda Jo Carlisle; родена на 17 август 1958) ― американска пејачка. Станала популарна како главен вокал на Go-Go's,[1] а потоа продолжила со плодна соло-кариера. Нејзини најпопуларни хитови како солист се: „Mad About You“, „I Get Weak“, „Circle in the Sand“, „Leave a Light" и "Heaven Is a Place on Earth".

Белинда Карлајл
Белинда Карлајл на настап во 2014
Роден(а)Белинда Џо Карлајл
17 август 1958(1958-08-17)(66 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Други имиња
  • Белинда Џо
  • Доти Денџер
  • Белинда Џо Курчески
Занимање
  • Пејачка
  • текстописец
  • глумица
Активен период1977–денес
СопружникМорган Мејсон (в. 1986)
Деца1

Автобиографијата на Карлајл, Lips Unsealed, објавена во јуни 2010 година, била бестселер на Њујорк Тајмс и добила поволни критики.[2] Во 2011 година, Карлајл, како член на Go-Go's, добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд.[3] Таа и групата биле примени во Куќата на славните на рокенролот во 2021 година.[4]

Детство и образование

уреди
 
Карлајл на сликата за матура од 1976 година

Белинда Џо Карлајл е родена на 17 август 1958 година во Холивуд, Лос Анџелес, Калифорнија.[5] Карлајл има тројца браќа и три сестри. Кога имала пет години, таткото на Карлајл го напуштил семејството, а таа изјавила дека поголемиот дел од своето детство го поминала во сиромаштија.[5]

Нејзината мајка подоцна се омажила за Волт Курчески, за кој Карлајл вели дека бил алкохоличар[6] и со кого имала бурна врска. Го зела неговото презиме во средношколските години.[7] [5] За време на нејзиното детство семејството често се селело и на крајот се населиле во Бурбенк.[5] На десетгодишна возраст, Карлајл почна да се интересира за музика, а навела дека Beach Boys, Кeт Стивенс, the Stylistics и the Animals музички влијаеле на неа.[5]

Семејството повторно се преселило за време на тинејџерските денови на Карлајл, овој пат во Таузенд Оукс, Калифорнија. За време на нејзините тинејџерски години, Карлајл станала бунтовна: „Кога имав четиринаесет години, навистина дивеев“, рекла таа. По матурирањето Карлајл работела во продавницата.[5] На 19-годишна возраст, Карлајл го напуштила домот за да се занимава со музика.[5] [8]

Кариера

уреди

Почетоци и The Go-Go's

уреди

Карлајл музичката кариера ја започнала во 1977 година како тапанар за панк рок групата Germs, под псевдонимот Dottie Danger.[9] Таа се приклучила на групата на повик на Лорна Доум, со која се запознале во средното училиште Њубери Парк.[10] [11] Но, по кратко време заболела од мононуклеоза и ја напуштила групата; никогаш не снимала или настапувала во живо со Germs. Потоа, Карлајл се приклучила како придружен вокал на Black Randy and the Metrosquad.[12] По напуштањето на Гермс, таа ја коосновала групата Go-Go's (прво наречена Misfits) со пријателите и колегите музичари Маргот Олаварија, Елиса Бело и Џејн Видлин. The Go-Go's станале една од најуспешните американски групи во 1980-тите; групата го популаризирала музичкиот жанр нов бран на американското радио и станала прва и единствена женска група која имала албум на прво место на топ-листата со напишана своја музика и која свирела на свои инструменти.[6] Тоа бил албумот Beauty and the Beat (1981), на кој се хитовите „We Got the Beat“ и „Our Lips Are Sealed“.[13] The Go-Go's снимија уште два студиски албуми со IRS Records: Vacation (1982) и „Talk Show“ (1984).[14]

Во 1984 година, Карлајл глумела во филмот Swing Shift, покрај Голди Хоун и Курт Расел.[15]

Соло кариера

уреди

1985–1990

уреди

Go-Go's се распаднале во 1985 година, а Карлајл започнала соло-кариера. Првиот соло студиски албум на Карлајл Belinda бил издаден во 1986 година,[6] исто така со IRS Records.[16] Нејзиниот летен хит „Mad About You“ се искачил на трето место во Соединетите Американски Држави,[16] на врвот на канадската топ-листа и во топ-10 во Австралија. Синглот „Since You've Gone“, ко-напишан од Линдзи Бакингем од Fleetwood Mac, бил користен само за промоција и не се нашол на албумот. Сузана Хофс го напишала синглот „I Need a Disguise“. Енди Тејлор од Дуран Дуран свирел на гитара на некои песни од албумот и се појавил во нејзиниот спот „Mad About You“.[5] Карлајл, исто така, снимила песни вклучени во саундтрак на филмови, особено „In My Wildest Dreams“ од филмот Манекен (Mannequin) (1987), „Shot in the Dark“ од трилерот од Ентони Мајкл Хол Out of Bounds (1986), како и „Dancing in the City“ од филмот од Вупи Голдберг Провалник (1987).[6]

Музичкиот стил на „Heaven on Earth“ од 1987 година бил под влијание на 1960-тите. Албумот влегол во топ-5 најпродавани албуми во ОК и Австралија и бил номиниран за Греми награда.[17] Првиот сингл од албумот, „Heaven Is a Place on Earth“, се нашол на врвот на топ-листите во Соединетите Американски Држави и ОК, а неговиот микс на врвот на денс-листата од Билборд во САД. Промотивното видео го режирала американската глумица Дајан Китон, добитничка на Оскар. Вториот сингл од албумот „I Get Weak“ бил напишан од Дајан Ворен, а „Circle in the Sand“ бил уште еден топ-10 хит во САД, Велика Британија и Германија. По успехот на албумот, Карлајл ја започнала светската турнеја Good Heavens.[18]

На 23 октомври 1989 година го објавила албумот Runaway Horses. Кон крајот на есента 1990 година, Go-Go's повторно се обединиле. Тие со турнеја го поддржале нивниот прв албум со најголеми хитови, Greatest, а снимиле и нова песна „Cool Jerk“.

1991–1999

уреди

Во 1991 година, Карлајл го издала нејзиниот четврти соло студиски албум, Live Your Life Be Free. Во 1992 година, го објавила нејзиниот албум со најголеми хитови The Best of Belinda, Volume 1.[19] На овој прв нејзин албум со најголеми хитови биле сите хитови од Heaven on Earth, Runaway Horses и Live Your Life Be Free. Петтиот соло студиски албум на Карлајл, Real, бил издаден во 1993 година под издавачката куќа Virgin. Без продуцентот Новелс, албумот се оддалечил од претходниот „полиран поп“ стил на Карлајл. Некои критичари го поздравиле ова и го споредиле звукот со оној на Go-Go's.

Во 1994 година, The Go-Go's повторно се обединиле за да го поддржат ретроспективното двојно ЦД Return to the Valley of The Go-Go's.

Карлајл почнала да го подготвува нејзиниот следен албум за кој повторно соработувала со продуцентот Рик Новелс. Кон крајот на летото 1996 година, таа го издала нејзиниот шести соло-албум A Woman and a Man во Велика Британија и Австралија, кој имал огромен успех во тие држави. Брајан Вилсон (од The Beach Boys), Сузана Хофс (Bangles) и Пер Гесле (Roxette) бile вклучени во албумот како текстописци и придружни пејачи. Песните In Too Deep и Always Breaking My Heart (напишани од Гесле) стигнале до британската топ-десет, со што станале најуспешни песни на Белинда од 1990 година.

Поради успехот на A Woman and a Man, албумот бил дистрибуиран и во САД во летото 1997 година од дискографската куќа Ark21. И покрај промотивните настапи на Белинда Карлајл на американската телевизија и радио, албумот таму не можел да го достигне успехот кој го имал во Велика Британија.

Кон средината на 1997 година, Белинда Карлајл ја снимила песната I Won't Say (I'm in Love) за Дизниевиот филм Херкулес. Песната била издадена како сингл само во Франција и Германија. Во 1999 година, во ОК Карлајл го издала албумот со најголеми хитови насловен како A Place on Earth: The Greatest Hits.

Подоцнежна кариера

уреди

2000–2020

уреди

Во 2001 година, Go-Go's повторно се обединиле и објавиле студиски албум со нов материјал, God Bless the Go-Go's. Фронтменот на Green Day, Били Џо Армстронг, го напишал единствениот објавен сингл „Unforgiven“. Во август 2001 година, Карлајл беше фотографирана гола за списанието Playboy.[20]

Во февруари 2007 година го објавила нејзиниот седми албум Voila, кој бил нејзин прв целосен соло студиски албум по повеќе од десет години.[21] Албумот бил продуциран од Џон Рејнолдс, а Брајан Ино свирел на клавијатури.[22] Албумот бил мешавина од француски поп-мелодии и стандарди од шансони вклучително и преработки од Франсоа Арди и Едит Пјаф.

Во јуни 2010 година, ја објавила нејзината автобиографија, Усни незапечатени. Книгата добила добри критики и го достигнала 27-то место на листата на бестселери на Њујорк Тајмс.

Од 25 до 30 јануари 2011 година се одржа турнеја низ Германија со пет концерти.

Во август 2011 година, групата Go-Go's (составен од Белинда Карлајл, Шарлот Кафи, Џина Шок, Кети Валентин и Џејн Видлин) добила своја ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд. Ѕвездата се наоѓа на булеварот Холивуд 6652 пред поранешниот ноќен клуб The Masque, каде што групата го имала својот прв настап во 1978 година.  

На 26 јули 2018 година, во Њујорк бил прикажан мјузикл за работата на Go-Go's, а бил направен во соработка на Белинда Карлајл.

2021 – денес

уреди

Во мај 2021 година било објавено дека Go-Go's ќе бидат примени во Куќата на славата на рокенролот.[23][24] Групата ги извела „Vacation“, „Our Lips Are Sealed“ и „We Got the Beat“ за време на церемонијата за воведување.[25]

Наводи

уреди
  1. „The Go-Go's | Rock & Roll Hall of Fame“. rockhall.com. Архивирано од изворникот на December 27, 2021. Посетено на December 27, 2021.
  2. Eby, Margaret (June 2, 2010). "Lips Unsealed": Belinda Carlisle comes clean“. Salon. Архивирано од изворникот на February 2, 2017. Посетено на January 26, 2017.
  3. „The Go-Go's“. Los Angeles Times. Архивирано од изворникот на May 23, 2021. Посетено на February 11, 2021.
  4. „Go-Go's Inducted Into the Rock and Roll Hall of Fame“. Ultimate Classic Rock. October 31, 2021. Архивирано од изворникот на October 31, 2021. Посетено на October 31, 2021.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 5,5 5,6 5,7 Carlisle 2011.
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 Празен навод (help)
  7. „Back from gone“.
  8. „Belinda Carlisle Biography“. AskMen.com. Архивирано од изворникот на October 11, 2012. Посетено на November 27, 2010.
  9. Bag, Alice (September 27, 2011). Violence Girl: East L.A. Rage to Hollywood Stage, a Chicana Punk Story. Feral House. стр. 185–6. ISBN 978-1-936-23913-9.
  10. Spitz & Mullen 2010.
  11. Mullen, Brendan; Bolles, Don; Parfrey, Adam (2009). Lexicon Devil: The Fast Times and Short Life of Darby Crash and The Germs. Feral House. стр. 43. ISBN 978-1-932-59555-0.
  12. Seling, Megan (July 9, 2014). „Belinda Carlisle and the Go-Go's Taught Me How to Be Punk“. The Stranger. Архивирано од изворникот на September 23, 2017. Посетено на September 22, 2017.
  13. Празен навод (help)
  14. Празен навод (help)
  15. „AFI|Catalog“. Catalog.afi.com. Архивирано од изворникот на December 18, 2021. Посетено на December 18, 2021.
  16. 16,0 16,1 Празен навод (help)
  17. „Belinda Carlisle - Singer“. Biography.com. The Biography Channel. Архивирано од изворникот на February 19, 2017. Посетено на January 26, 2017.
  18. „Cool 94.3 - Alexandria, MN“. live.cool943.com. Архивирано од изворникот на March 4, 2022. Посетено на March 4, 2022.
  19. „Belinda Carlisle: Full Official Chart History“. The Official Charts Company. December 12, 1987. Архивирано од изворникот на September 16, 2017. Посетено на September 22, 2017. (Default is single history; may require users to click "album" tab to view album chart history).
  20. Gimenes, Erika (May 21, 2001). „Belinda Carlisle: Playboy pinup“. Hollywood.com. Архивирано од изворникот на January 26, 2013. Посетено на September 4, 2009.
  21. Erlewine, Stephen Thomas. „Belinda Carlisle“. AllMusic. Biography & History. Архивирано од изворникот на September 6, 2017. Посетено на September 21, 2017.
  22. Ferris, D.X. (March 21, 2007). „Belinda Carlisle: Voila (Rykodisc)“. Riverfront Times. Архивирано од изворникот на September 22, 2017. Посетено на September 21, 2017.
  23. „Class of 2021 Inductees“. Rock & Roll Hall Of Fame. Архивирано од изворникот на May 13, 2021. Посетено на January 8, 2022.
  24. Bloom, Madison (January 8, 2022). „Watch the Go-Go's Perform at Rock Hall 2021 Induction Ceremony“. MSN.com. Архивирано од изворникот на January 8, 2022. Посетено на January 8, 2022.
  25. Празен навод (help)

Надворешни врски

уреди