Roxette или Роксет биле шведска музичка група, или дуо, составено од Мари Фредриксон и Пер Гесле. Групата уживала светски успех од доцните 1980-ти и средината на 1990-те години, при што се стекнале со 19 појавувања на британската топ листа[1] и пет пати биле број 1 на американската листа со песните „The Look“, „Listen to Your Heart“, „It Must Have Been Love“ и „Joyride“.[2] Понатака, уште две песни „Dangerous“ и „Fading Like a Flower“ биле на второ место на листата.[2]

Roxette
Роксет
Роксет во август 2010.
Биографски податоци
ПотеклоХалмштад, Шведска
Жанровипоп-музика, рок-музика
Период на активност1986–денес
ИздавачиCapitol records,
EMI,
Edel Music
Мреж. местоофицијално мрежно место
Членови
Пер Гесле
Мари Фредриксон

Својата најголема слава ја стекнале во периодот од доцните 1980-ти и раните 1990-ти, но нивната слава продолжила со слично темпо и после овој период, особено во Европа и Јужна Америка, каде освоиле различни златни и платинести награди. Дуото престанало да снима и настапува во 2002 кога на Фредриксон ѝ бил дијагностициран тумор на мозокот.[3] Сепак, дуото продолжило со настапи после осум години.[4]

НаводиУреди

  1. „Roxette's UK Chart stats“. www.chartstats.com. Архивирано од изворникот 2012-05-25. Посетено на 2011-04-18.
  2. 2,0 2,1 „Roxette's Billboard chart history“. Billboard. Архивирано од изворникот 2012-12-04. Посетено на 2011-04-18. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)
  3. „BBC News: Roxette Star has brain tumour“. BBC News. 2002-09-16. Посетено на 2010-01-04.
  4. „The Daily Roxette: Marie joins Per and band on stage in Amsterdam“. Архивирано од изворникот на 2012-01-31. Посетено на 2009-05-07.

Надворешни врскиУреди