Безрбетници

група животн и
(Пренасочено од Без`рбетници)

Безрбетници (латински: Invertebrata) — голема група на еукариоти во која припаѓаат животните без ‘рбетен столб. Тука се вклучени најголемиот број од сите видови на животни - според некои автори, на безрбетниците им припаѓаат 96,3% од целото животинско царство, наспроти 4% кои им припаѓаат на животните со ‘рбетен столб (Vertebrata). Безрбетниците се побројни и од сите останати царства (Archaea, Monera, Protista, Fungi и Plantae) заедно.

Бентосни безрбетници од Росовото Море: школки, рилчест црв и морски змиулки.
Thelenota ananas, морска краставица од типот иглокожи, е безрбетно животно.
Helix aspersa: европски белодробен полжав, пример за безрбетно животно.

Терминот безрбетници не е валиден од таксономски аспект, додека терминот ‘рбетници е таксон (поттип) во типот на хордовите животни (Chordata). Хордата е еволутивен претходник на ‘рбетниот столб и се јавува само во ларвениот стадиум кај примитивните поттипови од типот Chordata (Tunicata и Acrania), како и во ембрионалниот развиток на ‘рбетниците (вклучувајќи го и човекот). Поради ова, животните од овие два поттипа (Tunicata и Acrania) некаде се сметаат за безрбетници. Поделбата на животните на безрбетници и ‘рбетници во зоологијата е направена од практични причини - за полесно изучување.

Еволуција и поделба на безрбетните животни

уреди

Според традиционалната поделба на царството Animalia, праживотните (Protozoa) се сметаат за безрбетни животни. Но, во современите класификациски системи праживотните се дел од царството Protista. Ваквата прераспределба е направена, пред се, врз основа на структурата на јадрата кај животните и праживотните. Кај првите, јадрото е од везикуларен тип, додека кај вторите тоа е составено од големо јадро (макронуклеус) и мало јадро (микронуклеус), кои имаат сосема поинакви биохемиски одлики. Како безрбетни животни порано се сметаа и некои видови на алги, како еуглената, волвоксот и некои претставници од групата на огнени алги (Dinophyta). Денес и тие се вбројуваат како дел од Protista, бидејќи градбата на нивните клетки е многу поблиска до онаа на растенијата отколку на животните.

Сепак, животните еволуирале од праживотните (одредени динофлагелати), и затоа името на овој таксон е соодветно. Првите животни се оние од безрбетните типови Porifera и Cnidaria. Кај сунѓерите сè уште се огледува консолидацијата на едноклеточните динофлагелати во многуклеточен организам (клеточен степен на телесна организација) и затоа се означени како Parazoa, односно бесткивни животни, додека кај жаркарите веќе почнува потесното поврзување на клетките во ткива (Eumetazoa или ткивни животни).

Типови на безрбетни животни

уреди

Постојат околу 35-40 видови на животински типови во зависност од авторот на систематиката. Некои најпознати безрбетни типови на животни се: