Беда на филозофијата

„Беда на филозофијата“ (француски: Misère de la philosophie) — книга на Карл Маркс, првобитно објавена во 1847 година во Париз и во Брисел. Во неа, тој дал остра критика на Прудоновото дело „Филозофија на бедата“.

Содржина

уреди

Во предговорот (напишан во Брисел на 15 јуни 1847 година), Маркс го објаснува мотивот за критиката на Прудон, истакнувајќи дека него „во Европа необично лошо го познаваат. Во Франција, тој има право да биде лош економист, зашто го сметаат за добар германски филозоф; во Германија, напротив, може да биде лош филозоф, зашто важи за еден од најсилните француски економисти. Во двојното својство на Германец и економист, сакавме да вложиме протест против таа двојна заблуда.“[1]

Книгата се состои од три глави:[2]

Во изданието на книгата од 1884 година, Фридрих Енгелс додал и три прилози, и тоа:[3]

  • Марксовите ставови за Прудон, изнесени во берлинското списание „Социјалдемократ“ (броевите 16, 17 и 18 од 1865 година)
  • еден дел од Марксовото дело од 1859 година, „Прилог кон критиката на политичката економија“ (стр. 61-64) во кој се коментираат ставовите на Џон Греј за парите
  • преводот на Марксовиот говор за слободната трговија, одржан на јавната седница на Демократското здружение во Брисел, на 9 јануари 1848 година.

За делото

уреди

Во предговорот на изданието од 1884 година, Фридрих Енгелс наведува дека книгата настанала во текот на зимата 1846-1847 година, кога Маркс ја поставил основната линија на својот нов поглед на историјата и економијата. Прудоновото дело „Системот на економски противречности или филозофија на бедата“, кое штотуки било објавено, му дало повод на Маркс да ги изложи своите погледи низ критиката на Прудон кој во тоа време се наметнал како водечка личност меѓу француските социјалисти.[4]

Изданија на македонски јазик

уреди

Делото било објавено на македонски јазик во 1986 година од издавачката куќа „Комунист“ од Скопје.[5]

Наводи

уреди
  1. Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 27.
  2. Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946.
  3. Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 158-185.
  4. Фридрих Енгелс, „Предговор“, во: Карл Маркс, Беда филозофије (Одговор на Филозофију беде г. Прудона). Култура, Београд, 1946, стр. 9.
  5. Библиотека Матице српске, Нови Сад (БМСНС) (пристапено на 14.11.2024)