Беглербеговски тунел
Беглербеговски тунел (турски: Beylerbeyi Sarayı Tüneli) — историски тунел под Беглербеговскиот дворец во населбата Бејлербеј во округот Усќудар во Истанбул, Турција, кој ги поврзува Усќудар со Бејлербеј и Ченгелќој.
Основни податоци | |
---|---|
Местоположба | Беглербеговски дворец, Усќудар, Истанбул, Турција |
Координати | 41°02′31″N 29°02′24″E / 41.04194° СГШ; 29.04000° ИГД |
Работа | |
Започнат | 1829 |
Отворен | 1832 |
Сообраќај | автомобили |
Технички податоци | |
Должина | 230 м (750 ст) |
Tunnel clearance | 2.90 м (9.5 ст) |
Нарачан од османлискиот султан Махмуд II (владеел 1808-1839) во 1829 година и завршен во 1832 година, тунелот се наоѓа под еден рид на азиската страна на Босфорот, каде денес се наоѓа градина која е во склоп на Беглербеговскиот дворец.
Тунелот со висина од 2,90 метри служеше до 1970-тите. По неговото затворање се користел како музејско и изложбено место.
На 19 септември 2016 година, тунелот повторно бил отворен за сообраќај, со цел да се олесни сообраќајниот метеж на крајбрежниот пат во областа под Босфорскиот Мост[1].
Наводи
уреди- ↑ „Beylerbeyi Sarayı Tüneli trafiğe açıldı“. Hürriyet (турски). 2016-09-19. Посетено на 2016-09-19.