Бамбус (коктел)
Бамбус – алкохолен пијалак кој се состои од еднакви делови на црвено вино и кола-засновани газирани безалкохолни пијалаци.[1][2] Од 1970-тите години, тој станува икона на баскиската култура и еден од најпопуларните меѓународни шпански пијалаци.[3]
Подготовка и послужување
уредиБамбусот во различни подрачја различно се послужува. Во баровите на одредени подрачја се служи во кратки стаклени чаши, потоа се додава многу мраз, па се долева црвеното вино и безалкохолниот пијалак. Во други области, се служи во високи чаши, а некаде се додава и жесток пијалак на основа на анасон. Има и варијанта со парче лимета.
Вообичаен начин на сервирање при дружби е голем бокал половина да се наполни со црвено вино, а другата половина со газиран безалкохолен пијалак. Исто така вообичаено се додава мраз. Потоа се полнат чашите на луѓето.
Име
уредиОвој алкохолен пијалак има различни имиња во различни земји. Во Шпанија се нарекува „калимочо“, во Португалија „пимента“, во Романија „моторина“, во Вашингтон, САД „вајн кола“.
Во Македонија, другите држави од поранешна Југославија и Албанија се нарекува „бамбус“.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Manuel Montero García (20 March 2014). Voces vascas (шпански). Tecnos. ISBN 9788430962006.
- ↑ Franck Celhay Le Kalimotxo: cocktail hérétique ou opportunité pour la filière vin ? Décisions Marketing
- ↑ Rosie Schaap Wine and Cola? It Works The New York Times