Црвеното вино е еден вид на вино направено од темните (црни) сорти грозје. Вистинската боја на вино може да биде од интензивна виолетова, типична за млади вина, преку црвена за младите вина и кафеава за постарите црвени вина. Сокот од повеќето пурпурно грозје е зеленикаво-бела. Бојата доаѓа од пигмент наречен антоцијан, кој се наоѓа во лушпата на грозјето. Голем дел од продукцијата на црвено вино вклучува екстракција на боја и вкус од грозјето.

Производство

уреди
 
Налевање чаша црвено вино

Обработка на грозје

уреди

Првиот чекор во производство на црвено вино, по собирањето, вклучува физичка обработка на грозјето. Грозјето се бере рачно или со машина.

Чистење и дробење

уреди

При пристигнувањето во винарската визба грозјето обично содржи гранчиња и листови. Доколку се остават гранчињата, може да предизвикаат вкусот да биде горчлив, затоа гранчињата и листовите се отстрануваат рачно или механички. По процесот на чистење, грозјето најчесто е смачкано. Мешавината на грозје, лушпа, сок и семки се нарекува шира. Ширата се става во садови направени од челик што не ’рѓосува или од бетон, или од даб, за да ферментира.