Вирцбуршки дворец

Вирцбуршки дворец (германски: Würzburger Residenz) — кнежевски дворец во Вирцбург, Германија, дело на тогашниот водечки барокен архитект Балтазар Нојман, по нарачка на кнезот-епископ на Вирцбург, Јохан Филип Франц фон Шенборн и неговиот брат Фридрих Карл фон Шенборн во 1720 г. и бил завршен во 1744 г. Фреските во внатрешноста ги насликал венецијанскиот сликар Џовани Батиста Тјеполо со помош на неговиот син Доменико. Највеличествени простории се скалиштето, капелата и големиот салон. Наполеон Бонапарт дворецот го нарекол „најубавиот владички дом во Европа“.

Вирцбуршкиот дворец со градините и плоштадот
светско наследство на УНЕСКО
Градинската фасада на дворецот
Критериумкултурно: i, iv
Навод169
Запис1981 (V заседание)

Дворецот бил многу оштетен во Втората светска војна, и неговата реставрација е започната уште од 1945 г. Во 1981 г. е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[1]

Градинаската фасада на дворецот
Фасадата со чесниот двор

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди