Балон
Балон е флексибилна кеса за надувување која се полни со вид на гас, како што се хелиум, водород, диазотен оксид или воздух. Современи балони може да се направени од материјали како што се гума, латекс, неопрен, ткаенина или најлон, а раните балони понекогаш биле направени од исушен животински мочен меур. Некои балони се исклучиво декоративни, додека други се употребуваат за специфични цели, како што се уметностите, медицински третман, воената одбрана, или превоз. Релативно ниската цена како и ниската густина на балонот му доведело до широк опсег на апликации во модерниот свет.
Балонот како тема во уметноста и во популарната култураУреди
Балонот често се јавува како тема во уметноста и во популарната култура, како:
- „Патување со балон“ - песна на македонскиот писател Славко Јаневски.[1]
- „Балон“ - расказ на македонската писателка Оливера Николова.[2]
- „Мртва природа со балонче“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.[3]
- „Црвениот балон“ (француски: Le ballon rouge) - француски филм од 1956 година, во режија на Албер Ламорис.[4]
- „Волшебните балони“ (Magic Baloons) - песна на македонскиот музичар Бодан Арсовски.[5]
НаводиУреди
- ↑ Славко Јаневски, Коренот на стеблото ја надминува мерата на нивните разуми. Скопје: Темплум, 2014, стр. 96-97.
- ↑ Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 20-22.
- ↑ Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 17-18.
- ↑ IMDb, The Red Balloon (1956), Awards (пристапено на 13.10.2017)
- ↑ YouTube, Bodan Arsovski - Magic Baloons (посетена на 27.11.2019)
Оваа статија за е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |