Базука (англиски: Bazooka) – рачен противтенковски фрлач на гранати на ракетен погон.[8]. Истиот бил развиен во Соединетите Американски Држави во текот на Втората светска војна. Ова оружје претставувало своевидна иновација во пешадиската борба. Испукувало високоексплозивни противоклопни гранати наменети за уништување тенкови, оклопни возила, бункери.

Базука
Базука M1
ТипРакетно противтенковско оружје
ПотеклоСАД
Употребна историја
Во служба1942–денес
Војни
Производна историја
КонструкторЕдвард Ул[3]
Конструирано1942
Год. на производствојуни1942 – мај 1945 (базуки од 2,36 инча)
Произведени112.790 (M1)[4]
59.932 (M1A1)[5]
26.087 (M9)[6]
277.819 (M9A1)[6]
 ? (M20)
1.500 (M25)[7]

Опис и развој

уреди

Базуката ја измислил американскиот физичар и иноватор Роберт Годард за потребите на американската војска како противоклопно оружје. Ова оружје Годард го развил за време на Првата светска војна 1918 година, во што учествувал и Клеренс Хикман. Меѓутоа, оружјето не било воведено во оперативна употреба заради завршување на војната.

Развојот на кумулативната граната започнал за време на истражувањето на американскиот физичар Чарлс Едвард Монро (1880). Подоцна, во периодто меѓу двете светски војни, САД развивале противоклопно оружје во вид на рачни гранати и тромблонски мини кои се испукувале од пушки M1903 Спрингфилд, М1 Гаранд, итн.[9] Овој систем со модификација која ја извел Едвард Ул воведувајќи ја кумулативната граната, бил воведен во оперативна употреба во 1942 година.

Втора светска војна

уреди

Базуката првпат се користела за време на Операцијата факел, за време на сојузничко слетување во Северна Африка. Сепак, генералот Двајт Ајзенхауер бил разочаран од недостигот на искуство на војниците кои го користеле ова оружје.[10]

Германците дошле на неколку примероци на базука од Црвената армија за време на операцијата „Факел“, по што тие развиле свое оружје, панцершрек (германски: Panzerschreck). Тоа имало поголем калибар, многу поголем опсег и подобрена граната. Американската војска можела да ги користи и базуката и панцершрекот истовремено против германските тенкови. Тие подоцна сфатиле дека решението на панцершрекот е многу поефикасно од оригиналната базука во однос на уништување на оклопот. Екипажот што го користел ова оружје бил многу ранлив, поради изложеност на непријателски оган, но и по пукањето, поради големите барутни гасови што ја откривале нивната позиција.

Во втората половина на војната, американската војска имала значително поголемо искуство со системот и развила успешна тактика против непријателските тенкови. Кога пукале, екипажот заземал значително повисока позиција во однос на непријателските тенкови, а потоа ги уништувале со погодок во моторот. За време на Битката кај Аракурт во Франција (1944), американската војска поставила 2-3 базуки под крилјата на училиштен авион Пајпер Ј-3, со што уништие 6 германски тенка.

Корејска војна

уреди

По примерот на панцершрек, САД развиле нова верзија супер базука, со калибар 90 мм. Супер базука имала многу подолг дострел, и била 20% полесна од панцершрекот. Постарите верзии, М1 и М9, биле неуспешни против севернокорејските тенкови Т-34. Овој систем го користеле и Кинезите против ариските тенкови М4 Шерман и М46 Патон за време на Корејската војна.

Виетнамска војна

уреди

М20 Супер базуката била користена од американските маринци на почетокот на војната. Подоцна била заменета со посовремени брзи топови M67 и лансери M24 ЛАВ. Јужновиетнамските сили го користеле овој систем до крајот на 1960-тите години.

Други конфликти

уреди

Базуката се користела за време на Португалската колонијална војна, но исто така и за време на кампањите во Индокина и Африка.

Верзии

уреди

Базука М1

уреди
  • Должина на цевката: 1370 mm
  • Калибар: 57 mm
  • Тежина: 5,9 кг
  • Делотворен дострел: 140 m
  • Максимален дострел: 370 m
  • Посада: 2 војници

Базука М1А1

уреди
  • Должина на цевката: 1370 mm
  • Калибар: 57 mm
  • Тежина: 5,8 кг
  • Делотворен дострел: 140 m
  • Максимален дострел: 370 m
  • Посада: 2 војници

Базука М9/М9А1

уреди
  • Должина на цевката: 1550 mm
  • Калибар: 57 mm
  • Тежина: 6,5 кг
  • Делотворен дострел: 110 m
  • Максимален дострел: 460 m
  • Посада: 2 војници

Супер базука М20

уреди
  • Должина на цевката: 1524 mm
  • Калибар: 90 mm
  • Тежина: 5,9 кг
  • Делотворен дострел: 180 m
  • Максимален дострел: 913 m
  • Посада: 2 војници

Наводи

уреди
  1. „Arms for freedom“. 29 December 2017. Посетено на 2019-08-31.
  2. David Campbell (2016). Israeli Soldier vs Syrian Soldier : Golan Heights 1967–73. Combat 18. illustrated by Johnny Shumate. Osprey Publishing. стр. 78. ISBN 9781472813305.
  3. Scales, Robert (May 31, 2010), „Edward Uhl“, Time, Архивирано од изворникот на 2013-08-17, Посетено на 2020-10-11.
  4. Rottman 2012, стр. 17.
  5. Rottman 2012, стр. 19.
  6. 6,0 6,1 Rottman 2012, стр. 20.
  7. Rottman 2012, стр. 29.
  8. „базука“Дигитален речник на македонскиот јазик
  9. „Free Web Hosting, Free Website Builder, Make a Website“. Архивирано од изворникот на 31 јули 2008. Посетено на 27 февруари 2019.
  10. Green, Michael; Green, Gladys , Weapons of Patton's Armies. Предлошка:Page1

Литература

уреди
  • Bayonet strength, Infantry Anti-Tank Weapons, 150m, Архивирано од изворникот на 31 јули 2008. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)CS1-одржување: друго (link)
  • Dunlap, Roy F (1948), Ordnance Went Up Front, Samworth Press.
  • Green, Michael; Green, Gladys (2000), Weapons of Patton's Armies, Zenith Imprint Press, ISBN 978-0-7603-0821-9
  • Hoffman, Jon T. (editor) (2011). A History of Innovation: U.S. Army Adaptation in War and Peace. Military Bookshop. ISBN 978-1780392899.CS1-одржување: излишен текст: список на автори (link)
  • Infantry Weapons, Jane, 1995–96
  • Kleber, Brooks E; Birdsell, Dale (12. 12. 2001), „XIV. The Flame Thrower In The Pacific: Guadalcanal to the Marshall Islands“, The Chemical Warfare Service: Chemicals in Combat (online. изд.), Washington, DC, United States: Office of the Chief of Military History, Department of the Army, Архивирано од изворникот на 2009-04-29, Посетено на 2020-10-11 Занемарен непознатиот параметар |orig-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  • Grenades through RPGs“, Weaponology (programme), Military Channel, 18 ноември 2008
  • Rottman, Gordon L. (2012). The Bazooka. Osprey Publishing. ISBN 978-1849088015.
  • Wiener, Friedrich (1987). The armies of the NATO nations: Organization, concept of war, weapons and equipment. Truppendienst Handbooks Volume 3. Vienna: Herold Publishers.

Надворешни врски

уреди