Базен (филм од 1969)
Базен (француски: La Piscine) - француско-италијански филм од 1969 година, во режија на Жак Дере (Jacques Deray), кој е и автор на сценариото, заедно со Жан-Клод Кариер (Jean-Claude Carrière). Главните улоги ги играат: Ален Делон, Џејн Биркин, Роми Шнајдер, Морис Роне и Пол Кроше.[1]
Синoпсис
уредиМаријана (ја игра Шнајдер) и Жан-Пол (го игра Делон) го минуваат одморот во една вила на Азурниот брег. Нив ги посетува музичкиот продуцент Хари Лание (го игра Роне), кој е близок пријател на Жан-Пол, а во минатото бил љубовник на Маријана. Хари го придружува и неговата убава ќерка Пенелопа (ја игра Биркин) која со својата младост и убавина веднаш го привлекува Жан-Пол. Утредента, Хари носи голема група пријатели и организира забава во вилата. За време на забавата, Хари и Маријана воспоставуваат блиски односи, а Жан-Пол се зближува со Пенелопа. Подоцна, користејќи го отсуството на Маријана и Хари, кои одат да пазарат во блискиот град, Жан-Пол и Пенелопа одат заедно на плажа. Вечерта, Маријана и Пенелопа заспиваат, а пијаниот Хари започнува остра кавга со Жан-Клод. Притоа, Хари случајно паѓа во базенот и бара помош од Жан-Клод, кој не му дозволува да излезе надвор, а потоа го потопува и Хари умира. Тогаш, Жан-Клод го соблекува и му облекува нова облека. По погребот на Хари, Жан-Клод отворено ѝ кажува на Маријана дека сака да ја прекине врската со неа поради Пенелопа. Но, тогаш, во вилата доѓа полицискиот инспектор Левек (го игра Кроше), кој се сомнева дека смртта на Хари не е случајна, туку дека се работи за убиство. Исплашениот Жан-Клод ѝ признава на Маријана дека тој е убиецот, но таа не го предава, па така полицијата го затвора случајот. Потоа, Маријана ја испраќа Пенелопа на аеродромот, а таа и Жан-Клод се подготвуваат посебно да ја напуштат вилата. Сепак, на крајот од филмот, тие се повторно заедно.