Бадуариј (Скитија)
Бадуариј — византиски војсководец, активен за време на владеењето на Јустинијан I (527–565) во Мала Скитија (денес Добруџа).
Историчарот Патрик Амори смета дека името Бадуариј е со германско потекло.[1] Бадуариј се споменува во записите на Јован Малала, Јован Никијски, Теофан Исповедник и Георги Кедрин. Тој се спомнува како „стрателат на Скитија“, најверојверојатно магистер милитум. Во 528 година, Бадуариј и Годила воделе воен поход од Одес (денес Варна) против хуните на Крим. Под водство на Мугел, хуните освоиле византиски територии на брегот на Црното Море.[2]
Исто така во 528 година, Бадуариј се спомнува во Дукс Скити. Тој и Јустин, Дукс на Мизија, ги здружиле силите во битка против странски напаѓачи. Малала запишал дека „хуните“, кои Теофан ги идентификува како бугари, се оние кои ја нападнале Скитија и Мизија. Како и да е, византијците ја загубиле битката. Јустин бил убиен и напаѓачите навлегле во Тракија.[2] Јустин бил наследен од Константиол.[3]
Додека се одвивале дејствата против напаѓачите, Бадуариј не се спомнува како учесник во истите. Со подоцнежните битки кои се одвивале на оддалеченост од Мала Скитија, можно е да немал никакво учество во истите. Неговата судбина не е позната. Помлад Бадуариј се појавува во времето на владеењето на Јустин II (565–578). Според делото Просопографија на доцното Римско Царство се верува дека помладиот Бадуариј можно е да бил син или внук на стрателатот на Скитија.[2]
Наводи
уредиИзвори
уреди- Amory, Patrick (2003). People and Identity in Ostrogothic Italy, 489-554. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-52635-7.
- Martindale, John R.; Jones, A.H.M.; Morris, John (1992), The Prosopography of the Later Roman Empire - Volume III, AD 527–641, Cambridge University Press, ISBN 0-521-20160-8