Бабиќ
Бабиќ е автохтоно хрватско црвено винско грозје кое е често во регионот на Северна Далмација. Се одгледува во и околу градовите Шибеник и Примоштен, а може да се најде и на некои хрватски острови, како што е Корчула. Под ова име оваа сорта на грозје е заведена во Националниот култивар на Хрватска (NN 159/04),[1] но Бабиќ е и често презиме во Хрватска.
Историја
уредиИсторијата за потеклото на сортата грозје Бабиќ е непозната, освен фактот дека таа била одгледувана во северно-далматинскиот регион пред неколку стотици години. Според една теорија, таа е локален клон на сортата Добричиќ. Друга теорија сугерира дека овие две сорти се поврзани преку директно потомство. Но сѐ додека не се направат генетски испитувања, нема точно да се знае вистинското потекло на оваа сорта грозје.[2]
Особености
уредиВиното произведено од ова грозје е темно и густо. Има висок процент на танини и алкохол. Вината произведени од грозје кое расте на повисоки предели се смета дека подобро стареат. Најдобрите вина од сортата Бабиќ се прават од грозјето набрано од лозовите насади околу градот Примоштен, и тоа се вина со врвен квалитет.[3]
Синоними
уредиОваа сорта грозје е широко распространета по должината на хрватското крајбрежје. Поради тоа се среќаваат многу имиња под кои се нарекува оваа сорта како на пр.: Бабиќ црни, Бабиќ мали, Бабиќ пивати, Бабиќ плускави, Бабиќ велики, Бабица, Бабица црни, Бабица грешљивка црни, Бабица мала, Бабица вела, Бабица велика, Бабичевиќ, Бабичевица, Бабинка вела, Бабиќ, Бабичевиќ, Бабич, Црнац рани, Грезливка, Пазанин, Пажанин, Рогожничанин, Рогуљанац, Рогуљанак, Шибенчанец и др.
Наводи
уреди- ↑ „babić crni - Vinopedia“. www.vinopedia.hr (хрватски). Архивирано од изворникот на 2016-04-14. Посетено на 2018-05-21.
- ↑ „A Bit about Babić (the Grape) – Part I“. Uncorking Croatia (англиски). 2011-09-17. Архивирано од изворникот на 2016-09-24. Посетено на 2018-05-21.
- ↑ „Babić - Mali podrum“. en.mali-podrum.com (хрватски). Архивирано од изворникот на 2016-05-01. Посетено на 2018-05-21.
Дополнителна литература
уреди- Miquel Hudin (2011), Vinologue Dalmatia, Vinologue Press, стр. 225, ISBN 978-0-615-23217-1